fbpx
6.8 C
Skopje

Христијан Мицкоски: Се што побаравте од нас прифативме, и во 90-те, и во 2001 и во 2004 – СЕГА НЕ ПРИФАЌАМЕ НЕШТО ШТО ЗНАЧИ ПРОМЕНА НА НАС САМИТЕ!

АКТУЕЛНО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот говор во Охрид испрати силни пораки, порачувајќи дека договорот за името треба да се отфрли, дека истиот е против македоснките национални интереси и против македонската држава. Тој е „диво месо“ вметнато во здрав организам што не гуши и допрва ќе не влече надолу ако не се спротиставиме, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето пред учесниците на протестниот марш што опозициската партија го организираше денеска во Охрид.

Партискиот лидер пред симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ потсети на некои историски моменти, во кои меѓународната заедница ветувала подобра иднина за земјата преку прифаќање отстапки како привремената референца, менувањето на знамето, Уставот, Рамковниот договор, територијалната реорганизација.

– Прифативме се што бараа од нас, и во 90-те, и во 2001 и во 2004. Сега да се одважиме, да го промениме пристапот и ова што денеска ни се нуди да не го прифаќаме, затоа што е против нашите интереси, против она што ни го оставија нашите предци. Затоа што тоа е договор за промена на нас самите, рече, меѓу другото, Мицкоски.

Тој уште испрати предупредување до граѓаните на земјата дека доколку помине ова што сега се нуди, како што рече, „со прифатениот договор се губи националниот идентитет и воедно се дава сопирачка во рацете на Грција да го блокира европскиот пат на Македонија кога сака и како сака“.

– И доколку ова помине, години потоа ќе дојде момент кога Грција повторно ќе поставува нови услови, а ние тогаш ќе бидеме со сменет идентитет, историја и образование. Ако со референдумот се даде зелено светло на договорот со Грција, практично се вклучува црвено светло за референдумот од 1991 година, рече Мицкоски притоа укажувајќи на нивната содржинска спротивност, дека првиот бил за создавање самостојна, независна, суверена Македонија, а овој за спротивното – промена на името, идентитетот и губење на Македонија каква што е изгласана во 1991 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -