fbpx
21.8 C
Skopje

Хуманоста на Боки нема граници – Самохраната мајка Драгица и нејзините две деца од утре во свој дом!

АКТУЕЛНО

Да се биде самохран родител, значи да се соочувате со многу предизвици. Самохраните мајки од секој мрак прават светлина, од секоја солза насмевка. Овој пат, солзите на четиринаесет годишниот Христијан и шест годишната Моника во насмевка ги претвори популарниот некогашен шоумен Бојан Јовановски познат како Боки 13.

По сторијата на Фокус, за самохраната мајка Драгица од Кратово, познатиот водител и шоумен Бојан Јовановски на својот профил на фејсбук вети дека тој лично уште утре ќе ја контактира Драгица  и ќе ја превземе одговорноста за живеалиште и обезбедување на услови за живот за неа и нејзините деца, што подразбира и работа на Драгица.

So zadovolstvo i mnogu ljubov vi soopstuvam deka ovaa potresna prikazna ke zavrsi uste utre! Dragice, so celo srce ke ti…

Posted by Boki Jovanovski on Tuesday, March 14, 2017

 Приказната за самохраната мајка која немала услови да ги одгледа своите деца при што ги оставила во дом, а која како што вели, не бара луксуз, туку работа за да може сама да ги издржува и да растат покрај неа, ја потресе македонската јавност, веднаш по нејзиното објавување.

„Сакам да упатам апел до сите кои што ја разбираат мојата тага и болка да ми помогнат. Добредојдени се парични средства, имам трансакциска сметка, но најмногу ќе ми значи сместување и работа во Скопје. Немам потреба засега од облека и мебел, оти немам ниту каде ги оставам. Животот со мајка ми е многу скромен, таа има минимални примања, свесна сум дека не можам да останам кај неа. И јас самата сум мајка и мислам дека заслужувам општеството да ми пружи шанса да бидам заедно со моите деца’. Сакам да работам и сама да си ги издржувам своите деца“, вели Драгица во разговорот за Фокус.

Ова не е прв хуман гест на Бојан Јовановски. Напротив, од шоумен и водител, Бојан Јовановски во јавноста веќе е познат како човек со големо срце, човек кој знае и умее да направи добро дело. Претходно, Бојан им помогна на Дејан и неговиот неподвижен татко кој живеаа во 9 квадратни метри, му обезбеди пристојно живеалиште на малиот Лука, организираше хуманитарни концерти за настраданите од поплавите кај нас, го вдоми бездомникот Свето, му обезбеди храна, топла облека и за првпат по повеќе години го однесе на бербер.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -