fbpx
11.8 C
Skopje

И беше дечко на Цеца и вереник на Беквалац – фаталниот манекен денес изгледа вака

АКТУЕЛНО

Познатиот манекен, Влада Вуксановиќ почна да го наплатува и своето присуство. Неговата популарност порасна нагло, па си доби и на цена. Влада донел одлука да не се појавува секаде во јавноста. Ако некој сака да се удостои со неговото присуство, без разлика дали е тоа некоја журка или хуманитарна организација ќе треба да му искешира 200 евра.

Влада бил поканет на еден хуманитарен ивент, но тој побарал 200 евра за присуството. Од организацијата му објасниле дека тоа е хуманитарна забава, со цел да соберат пари за да помогнат некому, но него изгледа му станало навика да си бара пари, па не ни помислил дека хуманоста не се наплаќа.

Овие денови Влада е актуелен и со објавата на својата нова фотографија на Твитер. Со неа тој ги поздравил своите пријатели, новинарите бидејќи успешно го засмејувале со глупостите кои ги пишувале за него. Под фотографијата напишал: Имам конкуренција?….. Немам! Ви Благодарам!

Инаку познато е дека Влада Вуксановиќ ја побара Наташа за жена токму на нејзиниот роденден, кога и се свршија, за време на заедничкиот одмор на Ибица. Таа тогаш го прослави 33-тиот роденден, додека своето второ судбоносно „да“ му го кажа на Љуба на 28-иот роденден на Влада.

Манекенот Влада Вуксановиќ и беше момче на Цеца Ражнатовиќ, вереник на Беквалац, а сега изгледа вака.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -