Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој важи за еден од поблиските соработници на претседателот на партијата Христијан Мицкоски штотуку сподели убава вест.
Арсовски сподели фотографија на која ја држи дланката на Сања со вереничкиот прстен, а во објавата напиша „Доста беше, до вечноста“.
И Сања ја сподели веста на нејзиниот инстаграм-профил, откривајќи дека Арсовски ја побарал нејзината рака еден ден по неговиот роденден.
„Роденденски подарок за мене или него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“, напиша таа под објавата, а сподели и стори од моментот на запросувањето.