fbpx
16 C
Skopje

И камен би заплакал: Ослободен после 27 години зад решетки, за нешто што не го извршил (видео)

АКТУЕЛНО

Во моментот додека сдијата му ја читаше ослободителната пресуда, Бан заплакал, ја фатил судијката за раце и ја наведнал главата и и се заблагодарил, додека цела судница му аплаудирала.

-Сакам да ви кажам фала, чесен суде, зошто се борев за мојот живот цели 27 години- рекол тој.

Џон Бан, 41-Афроамериканец е ослободен после 27 години затвор за убиство на полицаец кое му е наместено од корумпиран полициски детектив.

Потоа се завртел кон обвинителите и им рекол:

– Сакам да заете и вие дека цело време држевте во затвор невин човек- рекол тој.

Тој е уапсен во 1991 година под обвинение дека под закана со пиштол со уште еден другар се заканил на двајца полицајци додека биле во автомобил а потоа и убил еден од нив.

Ова не е прв таков случај во Сад, претходно беа ослободени уште двајца обвинети кои поминале 20 години затвор за дело кое не го извршиле.

Погледнете го овој емотивен момент:

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -