5.8 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(ФОТО) При бегање во полициски час, автомобил во Кочани се заби во полициски автомобил

Во Кочани за време на полицискиот час откако е воведен во државата, полицијата има многу работа. Речиси и да нема ден кога нема интервенција. Вечерва...

Убави вести од министерот Филипче: Венко кажа кога очекува да се враќа животот во нормала

Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала. „Сакам да упатам...

Синот на градоначалникот од Облешево-Чешиново: Пријатели, сакам да споделам битна информација со вас

Пријатели, сакам да споделам многу битна информација со вас пошто некои работи се излезени од контрола! Јас, мојот брат Андреј и мојата девојка Љупка Додева...

Идеална економска бура на хоризонтот

Идеална економска бура на хоризонтот
Светската економија сега е во епицентарот на идеална бура каква што човештвото не памети во својата историја. Време е да ги стегнеме појасите бидејќи приземјувањето на светската економија ќе биде полошо и пожестоко отколку во 2008 година или 2001 година, од големата депресија 1929 година или кризата во Европа после Првата светска војна. Индексите на светските берзи се во црвено и постојано паѓаат и секојдневно го пробиваат дното. Неколку фактори се поклопија истовремено и доведоа до формирање на идеална економска бура, која што ќе доведе до глобална рецесија за која што не постои вакцина со брзо дејство. Епидемијата на корона вирусот предизвика социјални и општествени ограничувања невидени уште од Втората светска војна и ја испратија светската економија во рецесија. Такви ограничувања немаше ни во времето на Студената војна. Термометарот на светската економија е скршен и не ја мери правилно температурата. Ширум светските метрополи вклучен е алармот.

Кон крајот на 2019 година циклусот на економски раст го достигна својот пик и започна падот на светските економии, а епидемијата на корона вирусот како и падот на нафтата на светската берза за повеќе од 50% се само катализатори на економската криза и на големите економски и геополитички тектонски промени и поместувања кои што ќе следат во близка иднина. На почетокот на 2020 година, од една страна, во САД се чинеше дека се е ок и дека просперитетот е неизбежен – иако само градежништвото растеше, а тоа како резултат на хипотекарни заеми кои станаа поевтини како резултат на политиката на ФЕД за намалување на каматните стапки. Од друга страна, сите три главни мерки од антикризниот арсенал се вклучени: супер ефтини заеми, огромен буџетски дефицит (кој во 2020 година ќе биде повисок од 1,2 трилиони долари) и директна емисија на пари. И покрај ова, производството и услугите, кои заедно сочинуваат околу 80% од американскиот БДП, опаѓаат.

Уште полошо отколку во САД, работите стојат во другите големи светски економии. БДП на Јапонија во четвртиот квартал од 2019 година во однос на истиот период во 2018 година бележи пад од 6,3%. Како резултат на корона вирусот паѓа јапонскиот извоз кој што е од огромно значење за јапонската економија. Во Европската унија, индустриското производство во декември 2019 година се намали за декември 2018 година за 4,1%, а истото продолжи да паѓа посилно во 2020 година. Индустриското производство и извозот паѓаат и во Кина, Индија, Русија, Бразил, Мексико и во сите држави во развој. Кај сите држави од Г7 и Г20 паѓа индустриското производство.

Предвидувањата се дека првичните загуби на светската економија во 2020 година ќе изнесуваат околу 2,4 трилиони долари, но истите можат да бидат и далеку поголеми и посериозни доколку епидемијата продолжи. Како резултат на вонредните состојби, ограничувањата за движење, ограничените бизнис контакти, светската потрошувачка и производство веќе се во слободен пад. Во наредниот период ќе бидеме сведоци на големи економски потреси, банкротирања и затворање на голем број на компании ширум светот, милиони работници ширум ќе ги загубат своите работни места, некои економски сектори и гранки ќе се најдат на граница на исчезнување. Проценките се дека во наредниот период околу 20 милиони луѓе на одредено време ќе останат без работа во САД и во ЕУ. Бројките за целиот свет се загрижувачки.

Агенцијата Standard & Poor’s предвидува дека прв пат после 2009 година светската економија ќе падне во рецесија и дека во 2020 година растот ќе биде околу 1 до 1,2%. Глобалниот раст под 2% се смета за рецесија. Светската трговија ќе падне за повеќе од 2%, а светското производство за повеќе од 0,5%. Од почетокот на март силно се засили влијанието на корона вирусот над светската економија. БДП на државите кои се во еврозоната во 2020 година ќе се намали за 0,5-1%, и падот ќе биде особено силен во вториот квартал. Економијата на САД исто така ќе се намали во вториот квартал за 1,5%, по што се очекува нејзино скромно растење во наредниот период до околу 1% во 2020 година. Економијата на Кина наместо со 6% ќе порасне со околу 4,9%. Голем дел од автомобилските гиганти во светот, а посебно во Европа и во Кина ги затвораат своите производствени погони на некое време. Продажбата на автомобили во Кина, која што е втор најголем пазар во светот, во јануари и февруари падна за 80%. PSA Group, Seat, Renault SA, Fiat Chrysler, Volkswagen, SV, веќе ги затворија своите погони во Европа, а истото во блиска иднина ќе го сторат и другите гиганти. Toyota планира затворање на своите погони на одредено време во Европа и во Азија. Гигантот од авио индустријата, Airbas исто така ги затвори своите погони во Франција и Шпанија во наредните 4 денови. Загубите на авиокомпаниите ќе бидат поголеми од 160 милијарди долари. Туристичкиот сектор, услужниот сектор, секторот на услугите, секторот градежништво исто така бележат значителен пад. Земјите во развој ќе се судрат со одлевање на капиталот, и државите извознички на нафта ќе се најдат под удар на падот на цените на нафтата на светската берза. Агенцијата Goldman Sachs прогнозира дека цените на нафтата Brent за барел на светските берзи ќе се движат околу 20 долари за барел во вториот квартал.

Индикаторите за кинеската економија за периодот јануари-февруари се полоши од очекуваното. За да го ублажи ефектот од епидемијата врз економијата, Кина вбризга инјекција од 174 милијарди долари во економијата, а во план е да вбризга и дополнителни милијарди за да ја раздвижи економијата и потрошувачката. Кинеската економија во фебруари работеше со 50% од своите капацитети, а во март нивото се подигна на околу 65%. Потребни ќе бидат уште неколку месеци за да се врати на 100% од своите капацитети. Во пикот на епидемијата кинескиот БДП се намали за 40%.

Во наредниот период ќе бидеме сведоци на враќање на голема врата на политиките на Кејнз и на големо мешање на државите ширум светот во економиите, преку разни стимулирачки (фискални и монетарни) и антикризни пакети на помош за покренување на светската економија. Ќе бидат покренати големи државни проекти со цел да почне циклусот на раст на економиите. Во редица развиени западни држави, пред се во ЕУ, властите изјавуваат дека се спремни за одреден период да ги национализираат критички важните компании, и на тој начин да ги спасат од пропаѓање. ММФ веќе изјави дека на државите ширум светот им стојат на располагање 1 трилион долари во борбата против корона вирусот и рецесијата. САД вбризгаа инјекција од околу 1,5 трилион долари во својата економијаи ФЕД ги спушти каматните стапки до 0% за да го ублажат ефектот од корона вирусот и рецесијата. Епидемијата на корона вирусот во ЕУ ќе ја клекне на колена европската економија и централната банка на ЕУ спрема голем стимулирачки пакет за земјите од еврозоната. Велика Британија подготви стимулирачки пакет од 400 милијарди долари за својата економија, Франција од 50 милијарди долари, а Италија од 25 милијарди долари. Кина покрај првичниот, спрема и нов стимулирачки пакет, кој што ќе биде поголем од 1 трилион долари. Стимулирачки пакети спремаат и Јапонија, Германија, Шпанија, Русија, како и сите држави во светот.

Сега централните банки од најголемите економии преземаат координирани активности, за да ја олеснат монетарната политика во врска со забавување на глобалниот економски развој. Скоро сите централни банки пристапија кон намалување на каматните стапки. Сепак, околностите ја диктираат потребата да се создаде формален механизам кој ќе обезбеди не само олеснување на монетарната политика, туку и координиран фискален стимул.Глобализацијата каква што ја знаевме веќе не постои. И после надминувањето на последиците од епидемијата во светот со корона вирусот глобализацијата нема да биде како порано, светот ќе биде сведок на големи геополитички и економски промени во светски рамки. Ќе следи период на протекционизам и на свртување кон себе си. Во иднина ќе продолжи да се интензивира трендот кон локализација на производствените и синџирите на снабдување, што ќе има моќно влијание врз имиџот на глобализиран свет по крајот на Студената војна, а обемот и брзината на глобалното слободно движење на стоки, услуги и капитал ќе бидат значително намалени.

Посилни од оваа идеална светска бура ќе излезат државите кои што немаат големи јавни долгови, имаат државни резерви со кои што можат да ја покренат и стимулираат својата економија. Човештвото, во минатото, како и денес, успевало да најде одговор на сите предизвици, болести, епидемии, истите да ги надмине и да ги реши. Така ќе биде и овој пат, епидемијата на корона вирусот само ќе го забрза процесот на автоматизација и на роботизација на светската економија.

Latest Posts

(ФОТО) При бегање во полициски час, автомобил во Кочани се заби во полициски автомобил

Во Кочани за време на полицискиот час откако е воведен во државата, полицијата има многу работа. Речиси и да нема ден кога нема интервенција. Вечерва...

Убави вести од министерот Филипче: Венко кажа кога очекува да се враќа животот во нормала

Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала. „Сакам да упатам...

Синот на градоначалникот од Облешево-Чешиново: Пријатели, сакам да споделам битна информација со вас

Пријатели, сакам да споделам многу битна информација со вас пошто некои работи се излезени од контрола! Јас, мојот брат Андреј и мојата девојка Љупка Додева...

АКТУЕЛНО

(ФОТО) При бегање во полициски час, автомобил во Кочани се заби во полициски автомобил

Во Кочани за време на полицискиот час откако е воведен во државата, полицијата има многу работа. Речиси и да нема ден кога нема интервенција. Вечерва...

Убави вести од министерот Филипче: Венко кажа кога очекува да се враќа животот во нормала

Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала. „Сакам да упатам...

Анализа: Ќе ја добие ли ЕУ политичката битка со КОВИД-19?

Вакцината за КОВИД-19 ќе го донесе новиот политички победник во светот. Зошто политички, а не само научен?   Затоа што политиката претставува суштествен поим со...

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.