Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Илчо Захариев вечерва во “Само Вистина“ на Канал 5 по обвинувањата на против кандидатот Благој Бочварски дека е нестабилна политичка фигура која еднаш била во ВМРО ДПМНЕ, па во ВМРО НП, па пак во ВМРО ДПМНЕ рече дека е точно дека бил од ВМРО НП и го пофали Љубчо Георгиевски дека бил вреден премиер со кого тој имал шанса да соработува.
„Тоа е точно. Јас бев во ВМРО НП и имав шанса да соработувам со Љубчо. Тој беше вреден премиер. ВМРО НП е вредното ткиво на ВМРО ДПМНЕ и ги повикувам членовите на ВМРО НП да ми дадат поддршка на овие локални избори“, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Штип Илчо Захариев.
Против кандидатот од СДСМ Благој Бочварски рече дека членовите на Народна добро знаат како Захариев ги оставил на цедило и никогаш нема да го дадат гласот за него.