fbpx
18 C
Skopje

Илија Димовски е нов претседател на комисијата за избори и именување

АКТУЕЛНО

По три дена преговори за Комисијата за избори и именувања договорено е претседателското место да го добие  ВМРО-ДПМНЕ, а на чело на Комисијата да биде Илија Димовски. Тој изјави дека ова е потврда дека тие се губитници на овие избори.

Оливер Спасовски вели прифативме за да се откочат процесите и да не бидеме сите  заложници на граѓаните на политичките партии се со цел да го ставиме во функција парламентот.

Со ова се отвора можноста конститутивната собраниска седница да продолжи во понеделник, кога треба да се избере собранискиот спикер.

Комисијата брои 13 членови а во неа ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест членови, СДСМ 5, и по еден од ДУИ и Беса.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -