fbpx
21.8 C
Skopje

ИМ ГО УКРАДОВМЕ НА РЕАЛ: Пике го откри првото засилување на Барса за следната сезона!

АКТУЕЛНО

Шпанскиот весник Дон Балон пишува како Џерард Пике побарал од управата потпишување на неколку нови засилувања како би биле конкурентни за Лига на шампиони следната сезона.

Наводно така им открил на шпанските извори како Барселона ова лето ќе потпиша со везниот играч на Бетис за 30 милиони евра.

Станува збор за Фабиан Руиз, 22 годишниот играч кој се бори за Лига на шампиони оваа сезона, а младиот фудбалер одигра сјајна сезона. Пике се надева дека Барса ќе ја фати младата надеж на шпанскиот фудбал пред лутите ривали од Мадрид со што ќе им помогне во новиот поход кон титулата, а наводно би требал да биде замена за Андрес Гомес кој е на излезни врати од клубот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -