fbpx
18.8 C
Skopje

Има ли пилот во македонското здравство?

АКТУЕЛНО

Има ли некој во македонското здравство да каже или барем да даде некој знак, што точно се случува? Во последно време граѓаните останаа без зборови и во најмала рака збунети од некои постапки и мерки објавени и превземени од страна на министерството за здравство. Како пример нема ни трага ни глас од поевтинувањето на лековите, уште потешко стана снабдувањето со лекови за осигурениците на фондот за здравство, проблемот со вакцинациите излезе од контрола па родителите стана уште поголеми скептици кон најдобриот лек превенцијата бидејќи министерот и неговиот заменик се изгубија во преводот и контекстот. Како последица на тоа министерот реши да вработи уште двајца нови советници без да ја образложи нивната потреба, и наместо да ги решава наталожените проблеми како плати за сите специјализанти, поништување на лихварските договори потпишани од претходната влада,плати за дежурства за специјализантите иднината на македонското здравство. И онака малата надеж што ја имаа речиси исчезна во мракот.

Наместо да се работи темелно и плански се работи хаотично и моментално почнувајќи од министерството па до матичните лекари и обратно.

Лекарската комора е како нем набљудувач кој тивко го одобрува деградирањето на лекарската фела, и во моментот само наплаќа членарина и си дели дневници на најразлични нефункционални тела и комисии. Од 2006 г па наваму речиси еден милиметар нема застапено зад лекарите освен што издава потврди на колегите кои едвај чекаат да си заминат од ова лудило.

Наместо да ги застапува и штити правата на лекарите речиси се безгласни кон другите, државни институции кои треба да ги спроведат правата на лекарите.

Почитувани колеги, пријатели и граѓани на Р.Македонија јас се прашувам има ли пилот во македонското здравство? А Вие?

Автор: Д-р Енсер Јусуфоски, потпредседател на ГДУ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -