Инцидент вечерва пред болницата за хируршки болести Св.Наум Охридски во центарот на Скопје во кој интервенираше и полицијата и приведе и неколку лица.
Од МВР информираат дека била повикана полиција поради инцидент во кој учествувале членови на семејства и роднини, предизвикале сообраќајна несреќа во која било повредено дете.
Полицијата се уште е на терен, а повеќе детали најавуваат откако ќе заврши увидот.
На снимките кои ги доби Сител се гледа силно полициско присуство, а полицајците приведуваат и неколку лица.
Според тврдењата на очевидци пред да пристигне полицијата се слушала гласна расправија и удари од пред влезот на болницата, пишува Курир.
Инцидент пред старата Градска болница, интервенираше и полицијата
Инцидент пред старата Градска болница, интервенираше и полицијата
Gepostet von Сител ТВ am Sonntag, 9. August 2020