fbpx
15 C
Skopje

Индира Кастратовиќ: Сите заедно стоиме на црвено – жолтата линија на одбрана на татковината!

АКТУЕЛНО

Македонската ракометарка Индира Кастратовиќ вечерва на својот профил на Фејсбук рече дека изразува поддршка за „заедничка Македонија“

„Македонија навиваше за нас! Сега ние навиваме за заедничка Македонија! Сум изиграла стотици натпревари со македонското знаме и грб на мојот дрес. Со колешките од репрезентацијата сме оставале срце на терен. Сме гинеле за секоја топка, за секој гол. Сме гинеле затоа што сме ја сакале и почитувале нашата Македонија.  Доста веќе не делат и не вртат едни против други. Македонија е една и единствена. Таква и ќе ја оставиме на нашите деца и внуци.  Сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина !“, напиша Кастратовиќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -