8.4 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Инфраструктурен бум најавува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски

Во денешното издание на вестите на Сител телевизија во 16 часот гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Во однос на инфраструктурниот бум кој го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Мисајловски вели дека покрај ветените 150 километри експресни патишта, ќе следуваат уште многу инфраструктурни проекти.

-Инфраструктурниот бум ќе опфаќа голем дел од територијата на Република Македонија, што значи ќе се изградат нови 1000 километри магистрални и регионални патишта кои ќе бидат од корист на сите граѓани на Република Македонија кои досега немале можност или поврзување со одредено место. Главна поента на инфраструктурниот бум е поврзување на сите граѓани и олеснување во нивното секојдневно функционирање. Покрај овие магистрални и регионални патишта, Мисајловски најави дека ќе се градат и нови автопати, но дека и ќе се завршат веќе отпочнатите проекти кои датираат од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се автопатот Кичево – Охрид. Императив на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и градење автопат кој ќе поврзува Скопје – Велес – Прилеп – Битола, кој ќе биде најбрзиот автопат со кој за час и половина ќе се стигнува од Скопје до Битола. ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и сега ќе биде на служба на граѓаните, односно ќе работи на остварување на потребите на граѓаните. Следуваат уште многу проекти и важни работи кои ќе бидат од корист на граѓаните, меѓу кои и овој инфраструктурен бум кој во секаква смисла ќе ја поврзе државата од сите делови, односно сите градови, заврши Мисајловски.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Во соседството за карантин се користат мигрантски центри и шатори, во Македонија хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување...

Ако не се реагира на време, Кочани може да биде ново Куманово – истокот пред сериозен тест

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот...

Путин не дозволува да му се прекрши зборот: Доктор заврши зад решетки поради корона вирусот

Руските власти ја уапсија претседателката на независниот синдикат на лекарите, Анастасија Василиева. Таа го критикувала малиот официјален број на заразени со корона вирусот во...

(ФОТО) Нема да поверувате – Како изгледал министерот Венко Филипче како студент

Шармантен и неодолив, министерот за здравство Венко Филипче е фигура број еден во последниот месец во државата. Како и не би бил, кога успешно...

(ВИДЕО) Како бе Роналдо, на таа пара – ако сакаш, ние да собереме донации?

Карантинот и самоизолацијата ги фати буквално сите, поради што многумина се одлучија фризурата да ја направат сами, односно со помош на домашните, за да...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.