Актерот Горан Стојановски, во моментов најпознат по улогата Инспектор Томе во популарната домашна серија „Преспав“, гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“.
„За него важи правилото дека станува популарен на секои 10 години… Ќе се појави како некој нов лик, ќе направи бум, ќе ја освои нацијата со својата нова улога која ќе му донесе енормна популаност и наеднаш преку ноќ ќе исчезне, ќе го снема“, велат од Бекстејџ.
Имено, тој во гостувањето одговара на 21 незгодно прашање – дел во стилот на Инспектор Томе, дел искрено, како Горан Стојановски.
Ќе се изненадите од најголемиот страв на Стојановски, интересен е и одговорот на прашањето ‘Скопје или Охрид’. Објаснувањето за пијанството на Горан ќе ве насмее. Актерот има интересен став на темата пластична хирургија, а зборува и за вокалните способности на Влатко Лозаноски.
Уживајте во интервјуто, кое сигурно ќе ве насмее и најверојатно ќе ве натера да го изгледате неколкупати.