fbpx
12 C
Skopje

Институтот „Павел Шатев“ повеќе не постои

АКТУЕЛНО

Институтот „Павел Шатев“ повеќе не постои, откако со одлука од Централниот регистар денес беше избришан од евиденцијата на здруженија на граѓани.

Ова здружение беше обележано како здружение кои му дава огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на сите прашања, а едно од најчудните беше она на 10. декември „Дали поддржувате партија која се залага за концептот на двојазичност на целата територија на Македонија и нов рамковен договор“, на кое само 4,9% одговориле со „ДА“, додека дури 93,5% одоговориле со „НЕ“.

Во повеќе истражувања дел од медиумите дознаа дека ова здружение е регистрирано во приватен стан во Чаир, а неговите основачи имале високи функции во државните институции во време на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -