fbpx
11 C
Skopje

Интересна сторија: Барса можела да го купи Дембеле за 1,5 милиони евра!

АКТУЕЛНО

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Медимите од Шпанија пренесуваат интересна сторија поврзана со Барселона и Осман Дембеле, „Каталонците“ можеле да го купат играчот за 100 пати пома сума од онаа која ја платија сега

Осман Дембеле е главната ѕвезда на Барса во летниот преоден рок, по трансферот на Нејмар во ПСЖ, младиот Французин стана најскапото засилување во историјата на „Каталонците“.

За неговите услуги, клубот од Камп Ноу плати 105 милиони евра, а се обврза да исплати и уште 42 милиони евра во бонуси.

Медиумите од Шпанија сега откриваат дека играчот бил на радарот на Барса уште од 2013, и во 2014 тој можел да биде купен за само 1,5 милиони евра.

Во октомври 2013, репрезентацијата на Фрација до 17 години играла квалификациски натпревар против Израел за Европско првенство, средбата завршила 2-2 а Осман Дембеле бил двоен стрелец за „Триколорите“.

Агентот, Хаиме Сегура, кој имал добри односи со Барселона бил импресиониран од она што го видел па испратил извештај до Нарсис Хулија, кој во тоа време бил координатор на Камп Ноу, и заедно со Алберт Валентин биле задолжени за Барса Б и младинските тимови.

Во извештајот се велело дека Осман Дембеле бил дел од вториот тим на Рен и можел да замине за 1,5 милиони евра, а доколку Барса сакала да притисне ќе го добиела и за помалку, неговиот договор бил проблематичен бидејќи недостасувале потписите на родителите.

Нарсис Хулијан го анализирал извештајот и ветил дека добро ќе размисли за можноста Осман Дембеле во 2014 да се пресели во резервниот тим на Барса, но потоа клубот се насочил кон други играчи а во 2015 се били прекинато откако ФИФА ја казни Барселона за трансфери на малолетни играчи.

Во 2016, техничкиот секретар Пеп Сегура одново го отворил досието Осман Дембеле, остварил контакт со поранешниот играч на Барселона, Тео Шендри и побарал број од Осман Дембеле.

Тој се обиде да го донесе играчот на Камп Ноу за 15 милиони евра, но Осман Дембеле ја одбра Борусија Дортмунд бидејќи знаеше дека покрај Меси, Суарез и Нејмар ќе треба да ја грее клупата.

Ова лето тој сепак заврши во Каталонија, но за 100 пати повисока сума од онаа која била потребна пред три години и 10 пати повеќе од онаа потребна пред 12 месеци.

 

Извор: 24Фудбал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Денес 4 декември: Одбележување на еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородиа

Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица. Овој ден во црквениот календар е обележан...

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Цеца два пати гостувала во една иста емисија, а ова ниkој не го забележал

Српската мега ѕвезда Цеца два пати гостуваше во една иста емисија именувана како „Хит Твит“. Првиот пат на 10 мај кога и го напушти студиото...

Спасовски на средба со актуелниот градоначалник на Штип: Тема на разговор претстојните избори и соработката на локалната самоуправа со полицијата

Денеска имав средба и со вршителот на должноста градоначалник на Штип каде исто така разговаравме за претстојните избори, но и за соработката на локалната...
- Advertisement -