fbpx
-5 C
Skopje

Интересни факти за Рудолф и ирвасите на Дедо Мраз

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

24 сата – Белград

Благодарение на копитата и дебелото крзно, ирвасите со само малку храна можат да поминат илјадници километри без оглед на тоа дали патуваат сами или дали ги влечат санките на Дедо Мраз.

Дедо Мраз како и секоја година предновогодишната вечер ќе ја помине работно, разнесувајќи подароци ширум светот. Во тек се последните подготовки.

Џуџиња и виленици ги средуваат последните писма и подароци, а за да може секој на време да го добие тоа што го посакал од веселиот старец со бела брада заедно со џуџињата и елфите, како и секоја година ќе му помагаат неговите најверни пријатели ирвасите.

Тие се осум на број, Дашер (Dasher) – најбрзиот, Денсер (Dancer) – танцувач, Прансер (Prancer) – брз на задните нозе, Виксен Viksen (Vixen) – поларна лисица, Комета (Comet) – комета, Купидон (Cupid) – Купидон, Донер (Donner) – гром, Блицен (Blitzen) – молња и Рудолф (Rudolph) – попознат како ирвасот со светлечки црвен нос, според легендата наскоро ќе изедат волшебна храна која ќе им даде сила за летање, па така во една ноќ ќе можат да го заобиколат целиот свет и да ги развеселат децата ширум светот.

Зошто токму ирваси ги влечат санките на Дедо Мраз?

Според својата сила и енергија ирвасите се најотпорни копнени животни. Како и во повеќето божикни легенди, ирвасите и во реалноста се животни познати по своите патувања, годишно тие патуваат до 5.000 километри.

Според пишувањето на zgzoo.com ирвасите се населени во подрачја на северна Европа, Сибир и северна Америка, каде преовладуваат густи шуми тајги, со зони на сиромашна вегетација тундри. Во тие предели ирвасите се соочени со екстремно ниски температури од кои ги заштитува густо крзно, темно кафено до речиси бела боја зависно од подвидот, сезоната, полот или регионот од кој доаѓаат.

Шупливото, многу остро влакно им помага во чување на топлината на површината на телото. Телесната температура на младенчињата ја чува и т.н. кафено масно ткиво кое има важна улога во регулирање и создавање на телесна топлина. Со стареењето, количината на масното ткиво се намалува па животното топлината мора да ја произведува со работа на мускулите.

Против пропаѓање при одење низ длабок снег, тенок мраз и при пливање им помагаат големите и широки копита. Тие се исклучително добри пливачи и можат да препливаат големи реки и езера во тек на долгите миграции.

Ирвасите меѓусебно комуницираат со визуелни, звучни и хемиски сигнали. Имаат изострено чувство за мирис, кој им овозможува да најдат храна закопана длабоко под снегот. Тие се тревопасни, а храна наоѓаат недалеку од тлото каде пасат од ниската вегетација.

Мовта и лишаите се важен составен дел од нивната прехрана, посебно во зимските месеци, но не јадат само тоа. Тие се плен за големи грабливци како мечките и волците, кои посебно им се закануваат во текот на првите недели од животот и во време на сезона на парење.

Благодарение на копитата и на специфичната телесна изолација можат да се хранат само малку, најчесто поминуваат илјадници километри без оглед на тоа дали патуваат сами како диви животни или ги влечат санките на Дедо Мраз.

Сите кои веруваат за легендата за ирвасот Рудолф и неговите пријатели како алфа мажјаци, можат да се разочараат.

Имено, научниците тврдат дека мажјаците во текот на сезоната на парење премногу се трошат и немаат доволно енергија во зима истовремено да влечат и тешки товари и да ја одржуваат телесната температура.

Исто така, на многу искусни и силни мажјаци ирваси во почетокот на декември им паѓаат роговите, а во време на Божик главно ги имаат женките и младите неискусни ирваси.

Сепак, Дедо Мраз е посебен. Заедно со своите пријатели ирваси, мажјаци или женки предводени од Рудолф на новогодишното утро ќе развеселат многу луѓе и животни ширум светот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -