14.4 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Професор минува по 8 километри секој ден, да им достави бесплатени оброци на своите ученици во карантин

Британецот Зејн Пауелс, наставник во основно училиште во градот Гримсби, дојде до уникатно решение, за неговите ученици и натаму да можат да добијат бесплатни...

Жената од Велес што пoчинaлa во јануари е позитивна на корона вирус, Венко Филипче се обиде да го објасни тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста вирусот Ковид-19 во земјава да бил присутен и многу порано, пред официјално да се детектира...

Интервју Јован Јаулески: Студентскиот град и покачениот студентски стандард ќе бидат запаметени како едни од најголемите лаги на СДСМ спрема студентите

Разговараме со претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески

ПОГЛЕД: Според истражувања правени во минатото, затворите во Норвешка се подобри од студентските домови во Македонија. Мувла, искршени прозороци, руинирани соби и тоалети. Ваква е реалната слика во која студентите од Македонија живеат не само во последните 3 години, туку во последните 13 години. Тоа значи дека и СДСМ, но и ВМРО не успеаа да се посветат и да гарантираат студентски стандард кој го заслужуваат студентите како идни академски граѓани во нашето општество. Каде ја гледате вината за неостварените ветувања на двете најголеми македонски политички партии?

Не би се согласил со Вас во целост. ВМРО-ДПМНЕ целосно од темел ги изгради бараките во СД Стив Наумов, но и ги опреми со мебел сите блокови во овој студентски дом. Дополнително целосно ги реновиравме блоковите А и Б во СД Гоце Делчев, а блоковите В и Г беа во фаза на реализација, проект за кој на СДСМ му требаа 3 години да набави мебел и да го пушти во употреба. Проект на претходната влада беше и доделување на ваучери за лап топи и таблети за сите студенти чии родители имаат ниски примања, проект искористен од илјадници студенти. Се воведоа над 40 видови стипендии и се намали партиципацијата за студирање, ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ работеше, а резултати имаше на секаде. Секако дека тоа не е доволно, дека мора уште повеќе за подобар студентски стандард.

Сосема различна е сликата во изминативе 3 години. Никаде го нема ветениот студентски град со читални, библиотеки, фитнес центри и целосно реновирање на студентските кампуси во Штип и Тетово кое требаше да почне во првите 6 месеци. Нема покачен студентски стандард, а имаме највисока младинска невработеност во Европа, и ниту еден Универзитет на Шангајската листа во првите 1500.

Според престижниот The Economist, 8-ма земја сме во светот по одлив на мозоци, а тоа се потврдува со фактот што многу наши студенти работат со дипломи на инжињери, економисти, правници по рестораните во западна Европа.

Младите за кои велеа дека ќе ги вратат, не само што не ги вратија, туку трендот на иселување дополнително се зголеми. Според истражувањето на фондацијата Фридрих Еберт 8 од 10 млади сакаат да се иселат, а половина од нив веќе превземаат конкретни чекори во таа насока, што е поразително.

ПОГЛЕД: Во едно ваше интервју се извинивте за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото во однос на студентските домови, укажувајќи дека и тогаш имало недостатоци. Дали тоа значи дека треба да му простиме на СДСМ доколку се извинат што во период од 3 години не успеале да ги исполнат своите ветувања кон студентите?

ВМРО- ДПМНЕ отсекогаш имала чесен пристап кон младите и студентите. Во таа насока јас се извинив за она што можеби не е направено,а треба многу повеќе отколку што е во моментов. Од тој аспект доблесно е да се каже дека имаше недостатоци и грешки, но како што кажав е направено многу повеќе од тоа што СДСМ со ова темпо би го направиле и за 30 години.

Дали според Вас треба да се извинам за намалената партиципација за студирање, која изнесуваше 1200 и 1000 евра по година, а која ја намаливме на 200 евра за државна квота и 400 евра за приватна квота!?

Дали треба да се извинам за отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев„ каде што им се олесни студирањето над 10.000 студенти!?

Или можеби треба да се извиниме за студентската картичка за ЈСП!?

Дали треба извинување за СДИ, каде се вработија млади луѓе со завршени факултети од областа на природните науки и инжинерските струки!?

Работите кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи донесоа иднина за многу луѓе. Така ќе биде и во иднина, по 12 април, кога ќе се посветиме на создавање можности за младите да останат тука, да работат и основаат семејства.

ПОГЛЕД: Какви се вашите планови за подобрување на културно-забавниот живот на студентите?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на целосно реновирани енергетско-ефикасни студентски домови во кои просторот за дружење ќе зафаќа значајно место, а новите управители на студентските домови ќе имаат обврска да го збогатат КЗЖ преку најразлични активности во договор со студентите-станари. Владата на ВМРО- ДПМНЕ ќе издвојува поголеми средства за квалитетот на животот на студентите, затоа што студентите заслужуваат да живеат во многу подобри услови од сегашните. Што се однесува на останатите студенти надвор од студентските домови ние преку МОН и АМС планираме да одвојуваме дополнителни средства за квалитетот на животот на секој млад човек, без разлика дали е и студент. Државата мора да им покаже на младите дека се нејзината иднина и токму затоа нашата програма ќе има за цел задоволување на потребите на младиот човек.

ПОГЛЕД: Техничата влада се однесува неодговорно пред граѓаните. Нема ден, а да нема некое препукување меѓу функционерите. Се што требаше е да се покаже дека знаат да соработуваат и да овозможат фер избори. За жал тоа не се покажува во пракса. Дали тоа значи дека некој ќе бара алиби за евентуален пораз на изборите преку секојдневните постапки на владините функционери, а со тоа и добивање на политички поени во оваа предизборна кампања?

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во владата се на страната на граѓаните. Ги детектираме слабостите и криминалите на власта. Посочуваме на неправилностите, кои ако не ги покажеме може сериозно да го загрозат изборниот процес.

На пример, имаме ситуација во која власта се фали со 60 илјади нови работни места, а никој не кажува дека 40 илјади се во јавната администрација. Значи се работи за работни места кои не креираат додадена вредност за буџетот, туку црпат од него. Соодносот на вработувања јавен наспроти приватен сектор е 2:1 , па каде го има тоа!? Наместо да се развива претприемачки дух кај младите се угушува. Згора на тоа имате ситуација кога на само два месеци пред избори се распишуваат илјадници огласи. Зарем на тоа треба да се преќути!?

Или пак земете го како пример МВР, каде функционерите поставени од СДСМ наместо да се борат против криминалот, го штителе. Простете, ама на тоа ние нема да останеме неми.

Во однос на тоа дека некој ќе бара алиби за изборен пораз, ве уверувам дека тоа може да биде само СДСМ.

ПОГЛЕД: Дали конечно ние младите ќе дочекаме Македонија во која не е важно дали си лево, десно или центар, а е важно што можеш и дали совесно си ја работиш работата?

Токму тоа е и идејата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија – држава во која ќе владее правото подеднакво за сите. По 12 април, највисоко во агендата на нашата влада ќе биде борбата против криминалот и корупцијата, која нема да познава верска, етничка, ниту партиска припадност. По 12 април ќе следува воспоставување на правна држава, која ќе се темели на уставните и меѓународно признаените норми и принципи. Функционирањето на правната држава е основен предуслов за раст и развој на пазарната економија, отварање нови работни места, привлекување на странски инвестиции и еднаков пристап за сите до работно место.

Latest Posts

Професор минува по 8 километри секој ден, да им достави бесплатени оброци на своите ученици во карантин

Британецот Зејн Пауелс, наставник во основно училиште во градот Гримсби, дојде до уникатно решение, за неговите ученици и натаму да можат да добијат бесплатни...

Жената од Велес што пoчинaлa во јануари е позитивна на корона вирус, Венко Филипче се обиде да го објасни тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста вирусот Ковид-19 во земјава да бил присутен и многу порано, пред официјално да се детектира...

АКТУЕЛНО

Професор минува по 8 километри секој ден, да им достави бесплатени оброци на своите ученици во карантин

Британецот Зејн Пауелс, наставник во основно училиште во градот Гримсби, дојде до уникатно решение, за неговите ученици и натаму да можат да добијат бесплатни...

Жената од Велес што пoчинaлa во јануари е позитивна на корона вирус, Венко Филипче се обиде да го објасни тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста вирусот Ковид-19 во земјава да бил присутен и многу порано, пред официјално да се детектира...

Корона вирусот во Македонија присутен уште во декември – Жена од Велес која последен пат е видена пред Нова година, позитивна на Ковид-19

Една од двете жртви на семејството Маноилови, кои беа пронајдени мртви во нивниот стан во Велес, е позитивна на вирусот „КоВид-19“, пренесува Алсат. Извори на...

Познато од каде заболел новинарот кој ги стави во самоизолација Мицкоски и Заев

Во семејството на новинарот кој е позитивен на коронавирусот има член кај кој е потврден вирусот. Новинарот имал контакт со тој член од блиската...

Од Канал 5 со став околу нивниот заболен новинар: Ниту тој сакал да заболи, а најмалку да заболи трети лица

Канал 5 ТВ, како одговорна компанија, ја известува јавноста во врска со нашиот колега, гл. и одг. уредник на нашата компанија, Гоце Михајлоски. Свесни сме...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.