fbpx
5 C
Skopje

ИНТЕРВЈУ: Колку е безбедно да си стјуардеса во денешно време

АКТУЕЛНО

(ВИДЕО) Дарко и Сулејман од Берово: Од Корона се штитиме со по литро ракија на ден

Дарко и Сулејман од Берово се долгогодишните експерти во конзумирање на шливка Тие препорачуваат Беровската сливова ракија како е лекот против корона вирусот.Тие секојдневно се...

Мицкоски вели дека Заев ја користел состојбата на негова изолација, па тоа придонело за гласање на довербата на Владата

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Разговараме со Весна Златкова, која живее во Доха, Катар, која има огромно животно но и работно искуство. Во интервју за „Поглед.мк“, таа ни раскажа како изгледа животот на една стујардеса.

Ова е нејзината приказна.

ПОГЛЕД: Г-ца Весна, најпрвин би сакале да ви ја честитаме Новата година и Божиќните празници од тимот на „Поглед.мк“. Каде стујардесите ја слават новогодишната ноќ и божиќните празници? Дали Весна Златкова успеа да биде со своите најблиски, блиску до својот дом и своето семејство за време на празниците? 

Среќни новогодишни и божиќни празници и на вас. Па вака, стујардесите ако имаат среќа можат да добијат некоја прекрасна топла или ладна дестинација за Нова година, да си отидат дома или пак да ја прослават Новата година во Доха. Јас бев од оние последните, па славев во Доха на 25 степени.

ПОГЛЕД: Кажете ни нешто за себе..

Родена сум во Делчево, 1991 година и доаѓам од малото село Ѕвегор лоцирано веднаш до градот. Моето образование го започнав во родниот град, завршив општа гимназија во М.М. Брицо, а потоа образованието го продолжив во соседна Бугарија. Таму дипломирав на Филолошкиот факултет на Универзитетот Неофит Рилски, каде исто така ја имав можноста да се придружам на програмата „Work and Travel“ и да заминам во САД и да работам како студент.

ПОГЛЕД: Дали од денешна перспектива сте задоволни со вашиот избор? 

Значи, како што споменав претходно дипломирав на Филолошки факултет, каде студирав Приложна лингвистика – англиски и германски. Сум задоволна од мојот избор со оглед на тоа дека ги сакам јазиците, па денес имам можност да слушнам луѓе кои зборуваат на илјадници различни јазици и пак да научам по некој нов збор. Сепак, за да се биде стујардеса не е неопходно да се има диплома од Филолошки факултет, туку да зборувате течно англиски јазик.

ПОГЛЕД: Кога и зошто се одлучивте да работите како стујардеса? Од каде желбата за оваа работа?

Одлуката да станам стујардеса ја донесов пред 3 години. После моето дипломирање како и секој млад човек барав работа и да бидам искрена не ми требаше долго време да се одлучам точно за оваа кариера, бидејќи и мојата сестра работи овде, па јас ги следев нејзините чекори. Желбата за оваа работа главно ми дојде од неа.. идејата за патување низ светот, низ различни држави, градови, континенти, места за кои и немав чуено… И кој не би сакал да го види светот? Да работиш, да патуваш, да запознаваш различни култури и најважно од се да се забавуваш и да ја сакаш својата работа.

ПОГЛЕД: Како дознавте за ова работно место?

За ова работно место дознав преку интернет. Компанијата секоја година прима стујардеси од многу држави меѓу кои и Македонија. Интервјуто се одржува во Скопје и се вршат селекции во рок од 3 дена.

ПОГЛЕД: Дали на почетокот имавте потешкотии во справувањето со вашите обврски ако се земат предвид културните разлики кои ги носи оваа работа?

Потешкотии има во секоја нова работа како и оваа. Во поглед на културните разлики има големи предизвици во оваа работа, бидејќи работиме со илјадници различни култури и навики. Но сепак, целта на оваа компанија е точно спојувањето на различни луѓе и наоѓање на заеднички јазик. Секој ден е нов предизвик, без разлика на дестинацијата, бидејќи не само патниците доаѓаат од различни места туку и секој ден работиме со колеги од различни држави.

ПОГЛЕД: Опишете ни еден проблем од работното место како стујардеса и кажете ни како го решивте?

Доколку веќе се одлучите да станете стујардеса/стујард треба да знаете дека ве чека период од два месеци тренинг кој вклучува обука за безбедност во авионите, прва помош, одржување на перфектен надворешен изглед, како и важни детали за служењето на храна и пијалоци. Сето ова се изучува до најмалиот детал и не ви остава простор за грешки и проблеми. Но сепак доколку се појави некаков проблем, комуникацијата е најважна па затоа не треба да бидете колебливи или срамежливи кога станува збор за оваа работа. Јас лично до сега не сум имала некои предизвикувачки проблеми, иако понекогаш комуникацијата со патниците може да биде предизвик поради незнаењето на јазик. Но, за секој проблем се изнаоѓа решение бидејќи колегите секогаш се таму за да ви помогнат.

ПОГЛЕД: Колку е безбедно да се работи како стујардеса, ако се земат предвид се почестите терористички напади на аеродромите?

Да бидеме искрени ниту една работа не ви гарантира апсолутна безбедност. Сепак и до ден денешен без разлика на терористичките напади, авијацијата и воздушниот превоз се сеуште најбезбедните транспортации во светот. Доколку отидете на аеродром и самите ќе се увидите колку пати минувате низ скенери и различни проверки. На многу места во светот безбедноста се зголемува на аеродромите и со специјално тренирани кучиња. Но, без разлика на се, пред да се опуштите во овој бизнис треба да ги прифатите ризиците и опасностите кои одат во пакет заедно со оваа работа.

ПОГЛЕД: Една од фантазиите на мажите се токму стујардесите, кои важат за згодни, убави и елегантни. Стујардесите се платени за да бидат насмеани. Дали вашата насмевка е толкувана од патник како знак дека ви се допаѓа?

Кога ја започнав оваа работа ќе се изненадите низ колку интересни ситуации сум била. Понекогаш се случува да бидете погрешно интерпретирани и од патниците и од колегите, но треба да бидете самоуверени и на љубезен начин да се објасните.

ПОГЛЕД: Што со работата како стујардеса, кога Весна би била во брак?

Мислам дека кога јас би била во брак, не би работела како стујардеса, бидејќи оваа работа не ви остава многу време за приватниот живот. Сепак има многу колеги кои веќе се мажени/женети и тоа воопшто не им претставува проблем. Тоа зависи од самиот човек, од неговиот карактер и од ризиците и обврските кои сакате да ги прифатите.

ПОГЛЕД: Секојдневно патувате од едно до друго место. Која дестинација ви остави најголем впечаток и дали го најдовте вашето идеално место за живот?

Секоја дестинација во светот има нешто посебно за себе. Од најразлична храна до најразлични знаменитости и занимливости. Јас ги обожавам животните па затоа секоја дестинација која ми нуди да видам диви животни, кои претходно сум имала можност да ги видам само на телевизија, е остварување на мојот сон. За тоа ја обожавам Јужна Африка, Кејптаун и Јоханесбург. Прекрасниот Сингапур е исто многу посебен за мене, извонредните градби и чистотата ќе ве остават без зборови. САД е исто така посебно место во моето срце, и да не ја заборавиме прекрасната Европа која е омилена дестинација на секоја стујардеса/стујард. Но, од сите 150 дестинации низ кои летаме се разбира дека моето идеално место за живот би бил мојот дом, Македонија. Ниту едно место не може да ја замени топлината и убавината на нашиот народ и нашиот дом.

ПОГЛЕД: Дали сте имале можност да патувате заедно со познати светски личности?

До сега не сум имала можност да патувам со познати светски личности, но имам колеги на кои среќата им се насмевнала па патувале со Ким Кардашијан и нејзината ќерка, Лук Еванс, Шакира, Арнолд Шварценегер, познатиот Халит Ергенч (Султан Сулејман) од нашите омилени турски серии итн..

Се надевам во иднина и јас ќе ја имам таа можност.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

(ВИДЕО) Дарко и Сулејман од Берово: Од Корона се штитиме со по литро ракија на ден

Дарко и Сулејман од Берово се долгогодишните експерти во конзумирање на шливка Тие препорачуваат Беровската сливова ракија како е лекот против корона вирусот.Тие секојдневно се...

ВИДЕО: Дедо од Делчево тврди дека измислил лек за корона вирусот

Човек од Делчево тврди дека го нашол лекот за корона вирусот. Помагал оревот и неговиот корен. Но да не откриваме многу, погледнете го видеото...

Судбината имала друг план за нив: Започнала да се породува во автомобилот, а тоа што следувало не го очекувала ниту полицијата (ВИДЕО)

Во рускиот регион Волин една жена се породила во својот автомобил на пат кон болница. Имено триесет и шест годишната Русинка тргнала со својот сопруг...

Едноставни, но моќни идеи за подарок за 8-ми Март

Без разлика дали една жена го празнува 8 Март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот ѝ приреди мало изненадување. Ова се неколку едноставни,...

Мицкоски вели дека Заев ја користел состојбата на негова изолација, па тоа придонело за гласање на довербата на Владата

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас...
- Advertisement -