12 C
Skopje

Интервју Љубчо Георгиевски: Како се роди првата македонска кардиохирургија?

АКТУЕЛНО

Разговараме со поранешниот премиер, прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен претседател на ВМРО НП г. Љубчо Георгиевски.

ПОГЛЕД: Господине Георгиевски денеска се одбележува 20 години од почетокот на кардиохирургијата на Жан Митрев. Кога го гледаме датумот тоа се поклопува точно со вашето владеење. Дали Вие се сеќавате кога и како се направи првата македонска кардиохирургија?

– Кога дојдовме во 98 година Македонија воопшто немаше кардиохирургија и сите пациенти се испраќаа во странство, тие со политички врски во Германија и Америка, а обичниот народ најмногу во соседна Србија. Така што сакавме да го исполниме сонот да имаме кардиохирургија за да можат и македонските доктори да се специјализираат, но и да не се даваат пари кон странство. За таа цел ние како Влада си поставивме задача дека тој сон треба да го реализираме и добро се сеќавам дека тогаш таа задача ја дадовме на господинот Никола Кљусев кој и покрај тоа што беше министер за одбрана кажа дека добро се знае со Жан Митрев кој тогаш беше кардиохирург во некоја болница во Германија. Така започнаа разговорите за македонската кардиохирургија.

ПОГЛЕД: Господинот Жан Митрев во неколку наврати дава изјави дека државата ништо не му помогнала, дали тоа е така, дали тој навистина немал помош од државата?

– Можам да кажам дека илјадници граѓани на Македонија можат да се пожалат дека не добиле ништо од државата Македонија, но сигурно Жан Митрев не е еден од тие, напротив, сметам дека тој е еден од македонците кои има највеќе добиено од државата Македонија и треба само да и благодари. Имено сакам да ја потсетам јавноста дека Жан Митрев освен својата способност и несомнено своите вештини на одличен кардиохирург немаше ништо друго во почетокот на македонската кардиохирургија. Само за потсетување Република Македонија му отстапи цел спрат во воената болница, му го реновираше и му го опреми и не ме држете за збор, но мислам дека вложи во медицинска техника и апарати над 15 милиони марки што значи дека денешни 15 милиони евра.

Дополнително на тоа и странска помош што доаѓаше, ја отстапувавме во неговата болница, добро се сеќавам на многу скапи апарати кои грчката влада ни ги поклони во тоа време, а ние му ги преотстапивме на Жан Митрев. И да не зборувам конечно за монополот од чисто бизнис аспект кој државата од тогаш па до отварањето на кардиохирургијата во Систина, му беше забетониран не само од нашата влада, туку и од сите влади кои доаѓаа после нас. Нашата влада трпеше огромни критики зошто вакво јавно партнерство се воспоставува само со Жан Митрев кога истото тоа може да го добие секој добар хирург независно дали е за бубрези, абдомен или за некоја друга специјалност. Исто така се сеќавам кога една година од отварањето на првата кардиохирургија Жан Митрев, директорот на македонската кардиологија господинот Кедев направи обид да го донесе професорот Кирков и да се направи чисто државна кардиохирургија, какво беше плачењето и лобирањето на господинот Жан Митрев никако да не се дозволи отварањето на нова кардиохирургија. Без сомнение улогата на Жан Митрев во отварањето на македонската кардиохирургија е неспорна меѓутоа не е убаво да се плука дека Македонија ништо не му дала и не му помогнала.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јанчев открива: Сакав да ја продадеме Белата палата, наши гласачи живеат со по две евра на ден

Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата. Не може да бидеме народна партија во држава каде што дел од народот...

Trump: I voted for a guy named Trump

US President Donald Trump Voted for the 2020 Presidential Election at a Florida Library He exercised his right to vote in a library in West...

Две до три недели државен карантин за спречување на есенскиот бран на коронавирусот вели Д-р Драган Даниловски

Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, ќе...
- Advertisement -