fbpx
4 C
Skopje

Интервју со Ариф Калгури, кандидат за претседател на Факултетско студентско собрание на Филозофски факултет-Скопје

АКТУЕЛНО

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани

ПРВА ЛИНИЈА Home ИЗБОРИ Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани December 1, 2020 13:10 Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам...

Бочварски: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ од Куманово,...

Денес нашата екипа Поглед.мк разговараше со кандидатот за претседател на Факултетското студентско собрание на Филозофски факултет – Скопје. Станува збор за Ариф Калгури, студент од трета година на Институт за Социјална работа и социјална политика.

Ариф ни раскажа за дел од заложбите на кои тој ќе се посвети да ги реализира, доколку неговите колешки и колеги му ја дадат поддршката на изборите, кои ќе се одржат на 9-ти ноември на Филозофски факултет од 10 до 13 часот.

Поглед: Ариф, во кратки црти – кои се темелите на твојата програма, што е тоа што им го нудиш на студентите од Филозофски факултет?

Ариф: Најпрво, ви благодарам на поканата да ја презентирам својата програма пред широкиот аудиториум и секако пред студентите од Филозофски факултет. Приоритет пред се ќе биде подобрување на студентскиот стандард на студентите на нашиот факултет. За таа цел ќе се формира тим кој ќе се залага трошоците кои непотребно ги плаќаме да бидат сведени на минимум, овде, пред сѐ, мислам на целосна поддршка на УСС – УКИМ за барањето поднесено до Сенатот на УКИМ за укинување на сумата која ја плаќаат студентите за ИКСА.

Ќе се залагаме и за подобрување на онлајн наставата и надминување на пречките при реализирање на истата, како и помош на студентите кои немаат технички услови за следење на онлјан настава (ИТ уред, интернет и слично).

Поглед : Како ќе бидат носени одлуките во рамки на ФСС?

Ариф: Ќе правиме анкети преку кои студентите ќе можат да го изнесат своето мислење за сите поважни прашања. Ќе развиеме демократска атмосфера во рамки на ФСС, на која секој ќе може да го каже своето мислење и секое мислење ќе биде исто вреднувано без разлика дали е во раководството или надвор од него.

Поглед: Како ќе биде организирана работата во рамки на ФСС?

Ариф: Ќе составиме комисии за организација на студентски настани, конференции, работилници. Ќе организираме средби со студентите со цел да се запознаат со работата на ФСС. Ќе воспоставиме силна соработка со одделенијата за студентски прашања при Филозофскиот факултет.

Поглед: Кои настани би ги организирале во рамки на вашиот факутлет?

Ариф: Редовно ќе се организираат студентски средби (во зависност од условите, би биле онлајн или на факултет) на кои тема на дискусија ќе бидат актуелните проблеми со кои се соочуваат студентите. Ќе организираме средби со Деканатската управа и со тоа ќе им овозможиме на студентите да дискутраат со раководството на факултетот. Организација на хуманитарни акции за семејствата погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19. Активно и одговорно ќе дадеме поддршка за изработка на списанието „Внатрешен патник“ кое се изработува од страна на студентите на Филозофски факултет. Ќе организираме посета на институции, невладини организации од сферата на општествените и хуманистичките науки.

Поглед: Што ќе преземете за подобра соработка со факултети од други земји?

Ариф: Ќе дадеме поддршка и промоција на настан кој се одржува секоја година на нашиот факултет – „Меѓународната недела“ на кој во текот на таа недела има предавања од еминентни професори од регионот, Европа и светот. Ќе се залагаме за повеќе средби на кои студентите ќе имаат можност да разговараат со одговорните за програмите за студентска размена.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Панталони исечени како танга: Карлеуша во многу провокативно издание (Фото)

Кога надворешната температура е само 5 степени српската пејачка Јелена Kарлеуша е во секси стајлинг, панталони исечени како танга, халтери, долна облека исто како...

Штотуку објави: Јоци распали по Апасиев – мизеријо, како не ти е срам?

Истите лекари и сестри, на кои #факфејс Апасиев и Крмов, им блокираат со вмровци работа на Собрание и носење Буџет, со 3.000 амандмани,...

Јоци: Бранко, здраво и збогум – дојдоа нови деца во СДСМ, не знаат ни како изгледаш

Бранко се јави, вајстина се јави! Колку трогателно. Туку, екс претседателот на Македонија и на СДСМ, Бранко Црвеновски, со пензија од 100.000 денари, кој го...

Шаќири до лидерот на Левица: Апасиев најдобро е да не им се обраќа на Албанците, сè додека е вака настроен кон нив

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера на неговиот фејсбук-профил напиша статус во кој им се обрати на Албанците во Македонија: „Драги сограѓани АЛБАНЦИ. Замислете ваква...

СЗО препорача носење маски и дома

Носење маски и дома препорачува СЗО поради спречување на ширење на зарзата во случаеви кога им доаѓаат надворешни посетитли и кога неможат да одржуваат...
- Advertisement -