fbpx
3 C
Skopje

ИНТЕРВЈУ СО БАРБАРА ЛАЗОВИЌ: Уживање е да се игра пред оваа скопска публика

АКТУЕЛНО

Ракометарката на ЖРК Вардар, Барбара Лазовиќ веќе трета сезона се наоѓа во Скопје, каде со успех настапува за македонскиот женски ракометен шампион. Професионалната кариера ја започнува во родната Словенија, каде игра во Крим Меркатор, а има настапувано уште за Зајечар од Србија. Таа е актуелна репрезентативка на Словенија.

-Која е Барбара Лазовиќ, надвор од спортската сала ?

Надвор од спортската сала сум само една обична жена, мајка сум имам пет годишен син, семејство, се сметам себеси за позитивна личност.

-Како се вљуби во ракометот?

Уште од мала го засакав тој спорт и отсекогаш сакав да бидам ракометарка, еден мој братучед е „виновен“ за тоа што сум јас денес, тој ми ги покажа првите правила на оваа игра и тоаш јас веќе бев во љубов со ракометот, седум години работев со него, секој ден се повеќе и понапорно и така израснав во играчот што сум денеска.

-По товето доаѓање во Скопје, брзо се наметнуваше кај тренерите, кои мора да признаеме ги имаше многу и често се менуваа, но ти секогаш и кај сите беше еден од клучните играч, како ти ги доживуваше тие промени, како се навикна на градот, навивачите ?

Ние сме професионални спортисти, тоа е наша работа ние мора да се прилагодиме на промените кои ни доаѓаат, дали тоа било нов тренер или нов град едноставно е се фокусираш на твојата игра, го даваш максиумот и да, што се однесува до тренерите, се сменија многу но јас се трудам да го извлечам максиумот, од секој од нив и да научам нешто ново. Навивачите овде во Скопје, живеат за ракометот, знаат да го поздрават секој добар ваш потег, едноставно го разбираат ракометот, а знаат и да ја видат и најмалата грешка ако сте ја направиле, но да бидам искрена уживам во играњето пред скопската публика.

-Игравте одлично оваа сезона и немавте пораз во Лигата на Шампионките, но за краток преиод на два пати бевте поразени, дома од Будучност и на гости убедлив пораз од Мец, според тебе на што се должат тие два порази и дали Вардарки прерано се опуштија?

Не е дека се опуштивме, оваа сезона речиси секоја екипа си има свои успони и падови, игравме добро цела сезона, но еве се случи овој пад во нашата игра, срамно загубивме против Мец, минатата недела, верувајте на нас ракометарките ни е најтешко, но мислам дека не е ништо критично и дека целата наша екипа извлече лекција од тој висок пораз во Франција.

-Можат ли тие два порази да влијаат во понатамошниот тек од натпреварувањето или тоа може да се окарактеризира како добра лекција, за вас пред започнувањето на главната фаза во ЛШ ?

Како и што реков претходно овие два порази не спуштија малку на земја и не мора ништо да значат, туку можат да бидат и тоа како добра лекција за целиот наш тим во главната фаза.

-Дали има некој тим во елитното натперварување против кого играш со посебна желба за победа, некое ривалство ?

Секогаш сакам да се надигрувам со силни екипи како што оваа година е тимот на Будуќност, тие се нашиот најголем ривал целиот наш тим има посебна желба за победа секогаш кога играме против нив, ние сме како две изедначени екипи,добро се познаваме, некогаш ние ги победуваме, некогаш тие и да тука се и силните Ѓер и Букурешт кои секогаш знаат да бидат незгодни.

-ЖРК Вардар денес доби нов тренер, а тоа е сопругата на Тимур Дибиров, дали таа е тренерот кој може конечно да го направи тој чекор повеќе и да ве одведе во големото финале, ?

Ира има големо ракометно искуство како играч, има освоено се што може човек да посака, сигурно дека ќе ни подели некои совети кои ќе ни бидат доста корисни во понатамошниот дел од натпреварувањето и како и сите во клубот така и јас се надевам дека оваа година ќе се пласираме во тоа големо финале, а потоа што биде

-Дали имаш некоја неостварена желба ?

Па луѓе сме сите имам некои желби, дали на приватен или на спортски план, јас сум заоволна од тоа што го имам сега на приватен план имам семејство и тоа не е мала работа, а желбата која сакам да ми се оствари е титула во Лигата на Шампионките со Вардар, тоа ќе биде врвот на мојата кариера.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -