9 C
Skopje

Интервју со Емилија Рамбабова: Сакам да давам свој придонес за кревање на степенот на солидарност во општеството

АКТУЕЛНО

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

ВМРО-НП: Георгиевски оствари средба со бугарскиот државен врв

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на...

ПОГЛЕД: Г. Рамбабова. Годинава средношколците за жал поради коронавирусот не успеаа на традиционален свечен начин да ја прослават својата матурска вечер и завршување на средното образование, но сепак во Штип односно во средното медицинско училиште каде што вие сте директор, во ваша организација се спроведе првата онлајн матурска во државата. Со пораката „исто сте ни важни“ вие испративте силна порака до вашите ученици и идни академски граѓани. Можете ли да ни кажете од каде дојде ваквата иницијатива, како истата беше примена од самите средношколци и дали вие како раководни луѓе на училиштето сте задоволни од тоа како помладите генерации се солидаризираат во едни вакви тешки моменти за сите нас?

– Ситуацијата со коронавирусот нѐ погоди сите. Навиките и начините на прослава на коишто сме навикнале мораме да ги менуваме во корист на спречување на ширењето на коронавирусот. Но, завршувањето на средното образование кое коинцидира со созревањето, полнолетството и формалното влегување во светот возрасните е значаен дел од животот којшто треба пристојно да се одбележи. Затоа одлучивме да се прилагодиме на новонастанатата ситуација и организиравме онлајн прослава. Сакаме да им дадеме убаво сеќавање за заокружувањето на средношколската приказна на нашите матуранти. Тие тоа го заслужуваат. Онлајн матурската забава ја нарековме prom-line, а претставуваше директен пренос на музички настап на една штипска музичка група. Преносот беше проследен од страна на матурантите, кои беа задоволни од овој симболичен, но важен начин на одбележување на нивното матурирање. Кога ќе се избориме со коронавирусот, заеднички ќе прославиме на некоја од годишнините од матурирање.

Фото од првата онлајн матурска прослава во Штип

ПОГЛЕД: Како сте задоволни од организацијата на наставата која поради коронавирусот мораше да се реализира преку современите технологии на социјалните мрежи односно на интернет со учење од дома?

– За жал, поголем дел од второто полугодие нашите училници останаа празни, но затоа домовите на учениците во дел од денот беа претворени во училници. Наставата се префрли на интернет, а јас морам да го пофалам наставниот кадар од СОУ „Јане Сандански“. Професорите во нашето училиште покажаа голема стручност, посветеност и волја за квалитетно спроведување на онлајн наставата. Одржување на наставата на интернет платформите и редовната електронска комуникација со учениците беа гарантор за одржување на континуитетот во учењето и спроведување на наставниот план. За пофалба се и учениците, кои не само што одговорија на задачите и многу активно беа вклучени во наставата, туку исто така и покажаа висок степен на самоиницијативност и одговорност во совладувањето на наставниот материјал. Иако на почеток онлајн наставата ни се чинеше малку чудна, сепак, на крајот од оваа учебна година излегуваме збогатени со искуствата од дигитализацијата на нашата работа, кои верувам дека и понатаму ќе ги применуваме за збогатување на квалитетот на наставата.

ПОГЛЕД: Каква порака ќе испратите до идните средношколци, кои уште размислуваат за изборот на средно училиште во кое што сакаат да го продолжат своето образование?

– Деновиве идните средношколци се наоѓаат пред голема и важна одлука за тоа во која училишна установа ќе го продолжат своето образование. Мојата порака до сите нив е да направат избор со кој ќе добијат квалитетно образование и стручност. Оттаму, ги повикувам сите кои пројавуваат интерес за медицината како наука да се запишат во СОУ „Јане Сандански“, затоа што во нашето училиште ќе го збогатат своето знаење под водство на квалитетен образовен кадар, а образовниот процес ќе го поминат во современи, удобни и добро опремени училници.
Ги повикувам идните средношколци да бидат ученици во училиштето со најдобри постигнати резултати во училишниот спорт, со освоени голем број награди на општински, регионални и државни натпревари, учество на првата Олимпијада по биологија во Унгарија, како и активно учество во активностите организирани од Црвен Крст и многу хуманитарни активности. СОУ „Јане Сандански“ е училиштето во кое ќе се стекнете со големо знаење и во кое ќе ги реализирате вашите амбиции.

Фото

ПОГЛЕД: Во ваш мандат како директор за прв пат после 35 години е пуштена во употреба целосно реконструираната сала во СОУ “Јане Сандански“. Дали можете да ни кажете какви други активности се преземени во изминатиот период кога зборуваме за оној дел околу реконструирање или модернизирање на самото училиште и неговите капацитети?

– Задоволство е да се работи на значително подобрување на условите и понудата на СОУ „Јане Сандански“, а уште поголемо е задоволството кога се постигнуваат големи успеси и непречено се остваруваат предвидените цели. Во училниците обезбедивме нов под, нови ученички клупи и столчиња. Имаме целосно опремени интерактивни училници со интерактивни табли, ЛЦД и компјутер за одржување современа настава со примена на ИКТ. Исто така, располагаме и со нови, современи наставно-образовни помагала за предмети како анатомија, физиологија, биологија, физика, хемија и други, а обезбедени се и материјали за непречено одвивање на практичната настава за смеровите забен техничар, физиотерапевтски техничар и фармацевтски техничар. Располагаме со комплетно реконструирана спортска сала со нови прозорци,нов под, модерно ЛЕД осветлување и реновирани соблекувални и тоалет.

Фото

ПОГЛЕД: Како пандемијата влијаеше на вашиот приватен и професионален живот?

– Пандемијата ме активираше на повеќе полиња. Водам сметка за со своето однесување да дадам добар пример за околината, но и да ја кревам свеста за важноста на тоа сите да ги почитуваме мерките: да водиме сметка за држење социјална дистанца,да миеме и дезинфицираме раце, да носиме заштитна опрема како марами или маски, да избегнуваме масовни собири и групирања. Уште од самиот почеток на пандемијата се активирав како волонтер во Црвен Крст за да им помогнам на оние на кои тоа им се најпотребно. Сакам да давам свој придонес за кревање на степенот на солидарност во општеството и преку позитивни примери да ги мотивирам учениците и тие да покажат свест за потребите на другите и за личната одговорност.

Фото

ПОГЛЕД: Какво е вашето искуство  како жена која како директор е на раководна позиција и е активна во политиката?

Навистина е предизвик да се биде жена на раководно место и жена во политиката. Жените се соочуваат со повеќе критики на теми за кои мажите воопшто и нe добиваат прашања. Или се премногу борбени, или се слаби. Но, вреди да се води борбата, секоја на свој начин, затоа што кога се надминуваат предизвиците, ние жените постигнуваме многу и ги отстрануваме пречките за генерациите кои доаѓаат. А, тоа е целта на нашиот заеднички активизам.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Строги мерки: Се воведува полициски час во одредени градови кои претставуваат корона-жариште во соседна Грција

Заради зголеменото ширењето на коpoнa Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат на сила во 6:00 часот денес...

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...
- Advertisement -