11.5 C
Skopje

Интервју со Кристијан Велиновски: Враќањето во „ФК Академија Пандев“ ми дава поголем мотив за уште поголеми успеси и достигнувања

АКТУЕЛНО

Разговараме со 20. годишниот фудбалер на Академија Пандев Кристијан Велиновски, кој во изминатата сезона беше позајмен фудбалер на ФК Брегалница Штип каде постигна 10 голови и беше еден од клучните фудбалери за позитивните резултати на тимот.

ПОГЛЕД: Од каде желбата за играње фудбал, кога Кристијан Велиновски одлучи дека сака да биде фудбалер?

Уште од мал го сакав фудбалот. Многу често со децата со кои се дружев како мал знаевме да го поминуваме поголемиот дел од денот играјќи фудбал. На 11 годишна возраст почнав активно да тренирам во локалниот фудбалски клуб од родниот град Делчево односно во ФK Брегалница Делчево. Пред пет години играв за младинската категорија на ФК Брегалница Штип од каде што заминав во Академија Пандев од Струмица.

ПОГЛЕД: Како си задоволен од програмата на академијата за развој на млади фудбалери?

Самото име „ФК Академија Пандев“ зборува за тоа за каков клуб станува збор. Академијата е основана од страна на македонската фудбалска легенда Горан Пандев, по кого е и наречена Академијата. Кога ќе се спомне неговото име и презиме, се знае дека не треба некое посебно објаснување. Едноставно, клубот има извонредна програма за развој на млади играчи, а за сето тоа нормално придонесува целиот стручен штаб на тимот.

ПОГЛЕД: По една сезона како позајмен фудбалер на ФК Брегалница од Штип, се враќаш во академијата. Кои ќе бидат твоите цели сезонава и што можеме да очекуваме од младиот и талентиран фудбалер кој ја воодушеви штипската публика?

Од Штип имам само добри спомени. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на соработката. Нормално, јас не застанувам овде и како млад фудбалер враќањето во „ФК Академија Пандев“ ми дава поголем мотив за уште поголеми успеси не само на мене како фудбалер, туку и на самиот фудбалски клуб.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...
- Advertisement -