fbpx
10 C
Skopje

Интервју со М. Трендафилов Нанче, кандидат на ГДУ за градоначалник на Охрид: Бидете свои, заокружете број 4

АКТУЕЛНО

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани

ПРВА ЛИНИЈА Home ИЗБОРИ Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани December 1, 2020 13:10 Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам...

ПОГЛЕД: Кој е М. Трендафилов Нанче и зошто се одлучи да настапи како кандидат на ГДУ?

Има ли поголем мотив од мотивот да влезеш во борба против „сивилото“ што ни го наметнаа, оставија двете „најголеми“ партии?! 28 години, едните лажат, другите мамат, заедно крадат а потоа се амнестираат! Време е домаќински и чесно да се избориме за Охрид да биде подобро место за живеење и попривлечен за туристите.

Активностите во здружението „Совест“, посебно поврзани со Али- пашината џамија и гледајќи ја немоќта на СДСМ и ДПМНЕ во 28 години да направат барем нешто за развојот на Охрид (освен меѓусебните обвинувања и препукувања), беше пресудниот момент за да се одлучам да се кандидирам за градоначалник за Охрид.

ПОГЛЕД: Која е вашата најголема мотивација за да го прифатите овој предизвик и да се соочите со две големи крупни риби во политиката ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

Поголема мотивација и предизвик од тоа да се соочиш со овие две „крупни риби“ – НЕМА.
Пустошот што го оставија во овие 28 години, треба да е мотив за сите прогресивни сили да се обединат.

ПОГЛЕД: Бевте против идејата да се гради минарето на џамијата во Охрид и истакнавте дека истата се гради незаконски. Премиерот Заев рече дека е стопирана изградбата на минарето на џамијата бидејќи истата нема одобрение за градба. Кои се вашите информации и колку е точна изјавата на премиерот?

Бев и уште сум, тврдам дека минарето се гради незаконски. Сметам дека премиерот само добива во време. Од „ ништо “,заради срамни тезгарења се направи проблем. Точно е, бевме против минаре 32 метри , но точно е дека сакавме тука да се направи меморијален центар на цивилизации. Истражувањата тоа го имаат покажано. Ако се работеше професионално без мешање на политиката ќе немаше проблем.

ПОГЛЕД: Досега претходните градоначалници имаат ветено дека ќе изградат затворен базен во Биљанини извори, но сепак нивното ветување остана нереализирано. Колку Вие како градоначалник сериозно ќе пристапите кон реализирање на овој проект?

Ветувања, ветувања… Срамно е што Охрид нема базен. Со тоа сè ви кажав.

ПОГЛЕД: Дали уредувањето на кејот на Охридското езеро и околината на охридското пристаниште е дел од вашата програма, ако се земе во предвид фактот дека и за ова претходните градоначалници дадоа ветувања до граѓаните, но истите останаа нереализирани?

Да, но не заборавајте. Охрид не е само кејот, Охрид се и селата, целата околина, целиот југозападен регион. Како се вели , цело е кога е сè. Охрид ќе биде приказна , ако е средена целата општина, инаку сите даваа ветувања и пак ветуваат. Е затоа тука треба да одлучат кому тие ќе му веруваат.

ПОГЛЕД: Како ќе привлечете поголем број на инвестиции во Охрид и кои ќе бидат вашите главни приоритети како градоначалник?

Не можете да привлечете инвестиции туку- така. Прво се потребни услови . Никој не гледа дека си личен, секој гледа интерес. Не може ДУП- от да го прилагодуваш од случај до случај. Тука ќе се кршат копја. Еднаш тоа прашање мора да се затвори.

ПОГЛЕД: Што ќе им порачате на вашите противкандидати од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

За противкандидатите и како луѓе и како стручњаци имам одлично мислење но да внимаваат да не си го изгубат образот заради политиканаството во матичните партии. Ова не важи за кандидатот на Демократи.

ПОГЛЕД: За крај – кое е мотото на М. Трендафилов Нанче?

Домаќински,чесно. Со порака ,го имате најсилното оружје- ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ. Бидете свои. Заокружете број 4

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Цеца два пати гостувала во една иста емисија, а ова ниkој не го забележал

Српската мега ѕвезда Цеца два пати гостуваше во една иста емисија именувана како „Хит Твит“. Првиот пат на 10 мај кога и го напушти студиото...

Спасовски на средба со актуелниот градоначалник на Штип: Тема на разговор претстојните избори и соработката на локалната самоуправа со полицијата

Денеска имав средба и со вршителот на должноста градоначалник на Штип каде исто така разговаравме за претстојните избори, но и за соработката на локалната...

Звучи како виц, но не е: Маж испешачил 400 километри за да ја разбистри главата по кавгата со жена му

Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано во централна Италија. Тој беше уморен и премрзнат, изјави полицаецот Антонио Скванци. Тој на...

Најново: Кафеаните, кафулињата, трговските центри ќе затвораат во 17 часот – соседна Србија со најнови мерки

Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб. Една од мерките ќе биде угостителските...
- Advertisement -