12 C
Skopje

Интервјуто на Љубчо Георгиевски „Во Центар“ руши рекорди: За 2 дена има преку 113 илјади посети

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ немаше да биде ВМРО-ДПМНЕ ако во него не учествувуваа многу прекрасни луѓе кои дадоа свој придонес во основањето. Меѓутоа во јавноста се појавуваат пет, шест личности кои не биле многу важни за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна се обидуваат да го наплатат максимално во отсуството на правиот основач на ВМРО-ДПМНЕ. Сите тие имаат некаква амбиција во приказната на ВМРО-ДПМНЕ да ме минимизираат мене. Сега тука настанува проблем со целата таа гарнитура на луѓе кои се бројат на рака. Она што е многу важно јас таа негација ја немам од новинари и политичари од СДСМ. Јас таа негација ја имам од структурата на ВМРО-ДПМНЕ од оние кои што сум ги создал, вели основачот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во најновото ексклузивно интервју „Во Центар“ кај Васко ЕФтов.

Љубчо Георгиевски беше првиот Претседател на ВМРО ДПМНЕ. Некако се поклопува, на годишнините од формирањето на таа партија, да снимаме ексклузивни и шокантни интервјуа со него, така беше пред десет години, во јуни 2010 година, кога за прв пат во емисијата Во Центар, Љубчо Георгиевски прозборе за бугарофилите во таа партија, така е и во вечерашното интервју.

Сакајќи да ја минимизираат мојата улога во формирањето на ВМРО ДПМНЕ, а да го стават во прв план Драган Богдановски, тие сакајќи или несакајќи влегуваат во води да признаваат дека партијата е формирана од УДБА вели Георгиевски, алудирајќи дека Богдановски бил соработник на македонските тајни служби.

Како го избира Никола Груевски како свој наследник и каква улога има Кирил Пендев поранешен директор на банката на Мултигруп во Македонија, Балканска банка, а на времето главниот резидент на бугарските служби во Македонија. Не му љубоморам на Груевски и неговата политичка кариера, вели Герогиевски, гледате како и каде заврши таа кариера.

Тоа што се случи со А1 Телевизија требаше да се случи и со Сител, вели Георгиевски во интервјуто, но за разлика, кога како премиер дозволи да биде затворена А1, како министер за финансии Никола Груевски не дозволи истото да се случи со Сител, а подоцна Груевски и Горан Иванов, синот на Љубисав Иванов Sинго, станаа најблиски соработници. Зошто Груевски не го санкционираше Борис Стојменов кога од мене доби документи за земена провизија во Велика Британија за продажба на Стопанска банка, туку истите докази ги искористи да се договори со Канал 5 да биде лојална телевизија која ќе ја поддржува неговата политика, прашува Георгиевски.

Зошто беше сменет Сашо Мијалков од функцијата шеф на военото разузнавање? Георгиевски во интервјуто објаснува дека тоа било направено на барање на тогашниот американски амбасадор во Македонија, Христофер Хил кој инсистирал Мијалков да биде сменет од таа функција бидејќи во време на НАТО бомбардирањето на тогашна СР Југославија и Милошевиќ, според Георгиевски, Мијалков бил фатен во шверц на неколку камиони оружје за Белград.

Георгиевски признава дека дел од купената опрема за прислушкување во Министерството за одбрана е изчезната, кога шеф на военото разузнавање е Сашо Мијалков, но додава дека нема информации дали со таа опрема е реализираното прислушкувањето во аферата големото уво.

Во оваа интервју Георгиевски за прв. пат кажува како течеле преговорите за промена на името со Грција, зошто го прифатил името Горна Македонија, каде се одвивале тие преговори и со кого се е преговарано.

Во текот на војната 2001 година го замолив Арбен Џафери да преговара со албанската страна за размена на територии, за прв пат Георгиевски ексклузивно открива што се случувало таа 2001 година зад сцената. Требаше да бидат разменети Тетово, Гостивар и Дебар, но не и Струга и делови на Охрид, вели тој. За тоа имавме согласност и од црквата и од политичарите и од МАНУ и од огромен дел на медиумите.

Зоран Верушевски, кој во широката влада беше шеф на државната безбедност, ми покажа снимки од една просторија во Арачиново каде имаше брадосани луѓе за кои знаевме дека се радикали, но и поголем број странци кои во Арачиново беа како инструктори. Зошто тие снимки не се објавија во јавноста јас не знам, вели Георгиевски во контроверзното и шокантно интервју за емисијата Во Центар.

Вие имате право да ја знаете вистината, напиша Васко Ефтов во најавата за емисијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јанчев открива: Сакав да ја продадеме Белата палата, наши гласачи живеат со по две евра на ден

Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата. Не може да бидеме народна партија во држава каде што дел од народот...

Trump: I voted for a guy named Trump

US President Donald Trump Voted for the 2020 Presidential Election at a Florida Library He exercised his right to vote in a library in West...

Две до три недели државен карантин за спречување на есенскиот бран на коронавирусот вели Д-р Драган Даниловски

Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, ќе...
- Advertisement -