fbpx
33.8 C
Skopje

ИОМ: Околу 23 милиони луѓе во светот имаат конкретни планови за миграција во друга држава

АКТУЕЛНО

Околу 23 милиони луѓе во светот имаат конкретни планови за миграција во друга држава и тој број се зголемува во измнатите неколку години, соопшти Меѓународната органзиација за миграција (ИОМ).

Таа цифра е 0,4 отсто од глобалната популација, наведува ИОМ.

Повеќе од 20 отсто од тие потенцијални мигранти ги навеле САД како најпосакувана дестинација. Британија, Саудиска Арабија, Канада, Франција и Германија се меѓу топ дестинациите за луѓето кои имаат конкретни планови за мигрирање.

Повеќе од 40 отсто од анкетираните на Галуп кои сакаат да мигрираат живеат моментно во Африка.

Светски регион од каде има најмногу мигранти е Западна Африка, следуваат Јужна Азија, Северна Африка и Блиски исток. Глобалната бројка на луѓе кои планираат миграција е зголемена за пет отсто меѓу 2010 и 2015 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -