16 C
Skopje

Ирачки активист влезе во нов свет во Санкт Петербург поради забраната да следи фудбал во својата татковина

АКТУЕЛНО

Пратеничката Соња Михаиловска се приклучи во акција на Црвен Крст Делчево (Фото)

Во организација на Црвен Крст Делчево денес беше спроведена акција за делење пакети со храна на семејства од социјален ризик во рамки на „Недела...

Рекорд: Над 1000 заразени во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 447, Куманово 69, Дебар 9, Штип 39,...

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Санкт Петерсбург , Русија – Пликот можеби бил безбеден во нејзината ташна, но таа на секои неколку минути го проверувала, само за да се осигура дека една од нејзините најскапоцени работи е сеуште тука. Тоа беше нешто што отсекогаш го посакувала, но дотогаш секогаш била одбивана.

„ Јас постојано се навраќам, и проверувам , проверувам, проверувам“ – рече таа, извлекувајќи долга картa од џебот. „ Тоа е како богатство за мене“.

Билет за натпревар – наградата што милиони други обожаватели на фудбалот понекогаш ја земаат здраво за готово, беше внимателно чувана во нејзините мали раце. Да бидам прецизен, ова беше билет за играта на Иран на Светскoто првенство , против Мароко во Санкт Петерсбург, во петокот. Нејзиниот прв билет за да ја гледа во живо играта на нејзиниот национален тим. Причината што таа цело време проверуваше дали билетот е тука е тоа што не можеше да поверува дека тоа што се случува е реално.

„Многу е убаво,“ – рече таа

Таа патувала од Иран до Русија, каде што на жените им е забрането да присуствуваат на машки натпревари. Стана активист во 13-годишна кампања за да ги убеди властите да ја укинат забраната , и како таква, го користи името Сара за да го прикрие нејзиниот вистински идентитет поради страв од апсење.

Кампањата на Сара започна во 2005 година. На почетокот, Сара , опседната со спорт, која исто така следи и одбојка и кошарка, ќе протестира со неколку десетици жени надвор од огромниот Азади стадиум во Техеран.  Азади значи „слобода“ на Фарси.

„ Се сеќавам во 2005 година, сакавме да гледаме фудбал, а многу од образованите луѓе не го сфаќаа тоа како нешто што претставува проблем за женските права“ – рече таа. На почетокот, имало некои успеси со што им беше дозволено да се собираат. Но, по насилните , остри мерки и неуспешната Зелена револуција во  2009 година, што доведе до период на репресија под поранешниот претседател  Махмуд  Ахмадинеџад , протестите престанаа. Наместо тоа, Сара се префрли на социјалните медиуми, каде направи анонимен профил на Твитер, нарекувајќи го @openstadiums.

 

 

Нејзиниот профил на Твитер овозможи глобална изложеност на нејзината кампања , и со тоа освои нови поддржувачи.

„Ние прво се поврзавме преку социјалните медиуми,“  рече Моја Дод, австралиски фудбалски функционер кој претходно беше во извршниот комитет на ФИФА.

„Моја работа беше да ги претставувам  оние кои беа безгласни, оние кои мораа да молчат. Мораше да дознаам како да го правам тоа.“

Дод успеа да го покрене прашањето со проблемот за забраната на стадионот на Иран со поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, кој за возврат го воздигна приватно и јавно по состанокот со иранскиот претседател Хасан Рохани во 2015 година.

Она што некогаш беше прашање на малцинството сега се претвори во секојдневие .

Прашањето е сега тема на разговор во Иран. Минатиот Јули, откако Иран се квалификуваше на Светското првенство , тимот беше поканет да се состане со Рохани. На состанокот  Масуд Шојаи, ја искористи можноста за да ја отвори темата за забраната на жените за присуство на стадионите.

„Масуд е неверојатен,“ рече Сара.

„Ние сме навистина горди што имаме ваков капетан“.

Но, зборувањето јавно во Иран може да има последици. Откако Шојаи беше критикуван од страна на конзервативни политичари и коментатори за играњето натпревар со неговиот грчки клуб против еден израелски тим, што инаку се сметаше за „црвена линија“ во Техеран, тој беше отфрлен од репрезентацијата . (Тој беше вратен во иранскиот тим непосредно пред Светското првенство од тренерот на тимот, Карлос Квироз.)

Во Март, Сара беше меѓу триесетина  женски фудбалски навивачи и активисти уапсени и задржани неколку часа после нивниот обид за влез во Азади – додека некои беа облечени како мажи – за најголемиот натпревар во државата , локална пресметка помеѓу Персеполис и Естегал , следена од околу 100.000 мажи.

Тој ден Сара успеа да избега со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, со кого го гледаше натпреварот на стадионот.

Инфантино , додека бил во Иран не го покренал прашањето за забраната, но подоцна кажа дека го изнел приватно, и дека бил уверен од страна на Рохани дека има планови за да се стави крај на забраната.

„Навистина е стресно, тешко е кога живеете во такви услови“  рече Сара за нејзините напори да се стави крај на забраната, како граѓанин со лажен идентитет.  „ За секој потег што ќе го направите, мора да размислите, бидејќи може да ве стави во опасност вас и вашето семејство“.  „Се чувствувате тероризирани“.

Но, само пред неколку часа до почетокот на натпреварот во петокот, во Санкт Петерсбург, Сара беше растргната. Од една страна, сакаше да ужива во натпреварот без притисок, како што повеќето жени во светот знаат. Исто така, таа беше свесна дека Светското првенство беше како платформа која ќе и овозможи на пошироката публика да ја спознае нејзината придонес во Иран.

„Тоа е нивно право,тие мора да бидат на стадионите,“  рече таа за за жените од Иран.

„Фудбалот не е само за мажите“

Во петокот, многу жени од Иран им се придружија на колоните навивачи на стадионот во Санкт Петерсбург.  Некои од нив беа од Техеран, други беа привлечени кон Русија од Иранската глобална дијаспора.  Сара запозна друг Ирански активист кој живее во Соединетите Американски Држави . Заедно развеале две знамиња.

На тоа што било во рацете на Сара, пишувало: „ Поддршка за Иранските жени да присуствуваат на стадионите. „Минувајќи Иранските обожаватели, обземени од возбуда , понудиле поддршка или позирале за фотографите со знамињата“

Руските полицајци гледаа што се случува но не интервенираа.

Како што се приближуваше почетокот на играта, групите се разделија и се упатија кон нивните места. Сара го пронајде својот билет и застана во колоната.

Уште откако се симна од автобусот што ја донесе во близина на стадионот,  таа не можеше да ја сокрие насмевката.

Таа знаеше дека овој пат ќе биде различно. Овој пат, за прв пат, нејзиниот билет ќе биде прифатен.  Овој пат таа ќе успее да влезе внатре.

„Посакајте ми среќа“ – рече таа, исчезнувајќи во гужвата.

Повеќе од 60.000 поддржувачи, скоро рамномерно поделени помеѓу двете нации, ја следеа играта.  Додека играта се одвиваше, тимот на Мароко беше поуспешен а стадионот беше исполнет со постојано зуење на вувузелите.  Двата тима имаа добри шанси кои ги потрошија. Повредата на Шоџаи на половина од второто полувреме предизвика овации.

По се изгледаше дека играта ќе завршеше нерешено 0-0, кога во последните минути, мароканецот Азиз Бухадуз случајно пренасочи совршен премин преку својот голман.

Иранските играчи кои беа на клупата, влегоа на теренот за да се приклучат на прославата се додека не се вратија да ги одбројат последните неколку секунди од првата победа на Светското првенство за  Иран во 20 години. Последната, во 1998, беше извондредна победа против Соединетите Американски Држави , со резултат 2-1 .

После последното свирнување, играчите  на Иран изгледаа како да не сакаат да го напуштат теренот.

Конечно, навивачите влегоа во салите а потоа излегоа на плоштадот. Сара, која се движеше кон излезот, изгледаше збунето.

„Не знам како да прославам,“ –рече таа, пробувајќи да објасне како се чувствува после гледањето на натпревар по прв пат.

„Бев шокирана.“

„Тоа беше нешто што досега не сум го искусила“  – рече таа пред да се приклучи кон забавата. „Мора да одам на повеќе натпревари.“

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пратеничката Соња Михаиловска се приклучи во акција на Црвен Крст Делчево (Фото)

Во организација на Црвен Крст Делчево денес беше спроведена акција за делење пакети со храна на семејства од социјален ризик во рамки на „Недела...

Рекорд: Над 1000 заразени во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 447, Куманово 69, Дебар 9, Штип 39,...

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...
- Advertisement -