fbpx
21.8 C
Skopje

Ирена Ристиќ приведена и однесена во болницата Бардовци

АКТУЕЛНО

Актерката и активист Ирена Ристиќ синоќа била приведена од полицијата оти пред Влада чистела пикавци, а на социјалните мрежи се огласи за тоа што се случило:

– “Дури не ми го земале телефонот…Пробаа да ме стаат у Бардовци!. Ме вратија у Беко! Wow…Другари, за пикавците ли…*имам модрици по раце и пцовки у уши… Алтан ми е сам! Умирам од грижа! Многу имам да раскажам!, напиша актерката.

„Македонија на гола кожа. Полициска Беко. Психијатриска болница Бардовци. И јас ! Победив. Се налутија што собирам пикавци пред Влада. Да не бевте емотивно врзани, пе ве изреметив? Знаете кога ќе попуштам под притисок? Никогаш! Фино сте ме процениле. Едвај ги убедив дека имам право на адвокат“, напиша актерката на својот фејсбук профил откако е пуштена дома.

Ирена вчера со група доброволци го чистеше Марков Манастир

Таа вели дека полицијата ја обвинила дека реметела јавен ред и мир под дејство на алкохол.

Ристиќ е дел од граѓанската инцијатива „Не биди ѓубре“. Секој викденд, таа со група доброволци собира смет од скоспките улици и излетнички места. Вчера, актерката и уште 25 волонтери го чистеа Марков Манастир.

„ Марков манастир! Акција број 8. Собрани вреќи: 97. Содржина: гуми, пластични столици, амбалажи од храна, пластични шишиња, ќебиња, теписи, покуќнина.Кондоми немаше, но затоа пелени рој! Логично некако! И затоа оваа акција ја посветуваме на младите мамички кои на лице место погрешно воспитуваат цели генерации фрлајќи полни пелени во првата грмушка“, објави Ристиќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -