МВР Велес трага по 29-годишната Александра Скорниева од Велес, која утрово, околу 8:15 часот излегла од дома и од неа сеуште нема трага. Нејзината сестра Елена на фејсбук напиша:
„Мојата сестра Александра Скорниева го напушти домот во 8.15 часот и сеуште се нема вратено. Носи црна кожна јакна, темни фармерки и црни патики. Доколку некој ја има видено ве молам нека ме исконтактира на број 072/579-619“.
И од полицијата апелираат до граѓаните кои имаат информација, да пријават на телефонскиот број кој го остави семејството на исчезнатата девојка или да се јават во полиција.
Мојата сестра Александра Скорниева го напушти домот во 8.15 часот и сеуште се нема вратено. Носи црна кожна јакна, темни…
Posted by Elena Skornieva on Wednesday, April 22, 2020