28 C
Skopje

(ВИДЕО) Исмет Рамадани: Ако не успее референдумот, можно е Албанците да тргнат по друг пат

АКТУЕЛНО

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

Советник на премиерот Заев и претседател на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани во дебатна емисија на Алфа ТВ вели дека искажува личен став а не предупредување но инсистира на искреност.

– Албанците ќе бидат коректни во целиот процес но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ, тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ може да се случи еден крстопат, нешто друго што нема врска со демократски процеси, евроатлански процеси, изјави Исмет Рамадани за емисијата Отворено на Алфа ТВ со Искра Коровешовска.

Рамадани бара тие што се против договорот и референдумот да кажат што ќе се случува ако тие не поминат и очекува никој да не се игра со емоциите на граѓаните.

Исмет Рамадани е надворешен соработник на премиерот Заев за подготовка, анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО ангажман.

Делот од видеото со оваа изјава на Рамадани почнува на околу 60 минута од емисијата.

Извор: Експрес

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -