9 C
Skopje

Исплатени 1,6 милиони евра од „Ковид 2“ кон 83 компании, одобрени кредити за 117 компании, линијата од осум милиони во целост ќе се исцрпи

АКТУЕЛНО

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

ВМРО-НП: Георгиевски оствари средба со бугарскиот државен врв

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на...

На 117 компании со 3001 вработен досега им се одобрени средства од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“ преку Развојната банка на Република Северна Македонија, а на 83 од нив веќе им се исплатени средствата.

Одобрениот износ, како што информираат за МИА од Развојната банка, на овие 117 компании е два милиони евра, а исплатени се 1,6 милиони евра на 83-те компании.

Од Развојната банка очекуваат во согласност со можностите во следните денови по веќе утврдената динамика да се одобри и наредната група апликации кои ги исполнуваат условите од оваа кредитна линија.

Оваа втора бескаматна линија „Ковид 2“ е во износ од осум милиони евра и според информацијата од Развојната банка ќе биде во целост исцрпена.

-Пристигнатите кредитни барања за оваа линија ги надминуваат средствата, а најголемиот дел од апликациите се пристигнати во првите два дена од повикот, велат од Развојната банка.

Јавниот повик беше објавен на 25 април годинава и траеше до 13 мај 2020 година. За средствата можеа да аплицираат компании од сите дејности, за разлика од првта бескаматна кредитна линија „Ковид 1“ која беше наменета за секторите туризам, угостителство и транспорти која е целосно исцрпена и исплатени се 94 отсто од средствата.

Од првата бескаматна кредитна линија исплатени се 5,2 милини евра кон 704 компании од одобрените 738 компании. Најголем дел од овие средства се завршени кај микро претпријатија кои вработуваат до 10 лица, односно дури 77отсто, додека 21 отсто се мали компании кои вработуваат до 50 лица.

-Првата бескаматна кредитна линија беше дел од првиот сет мерки на Владата, а јавниот повик за истата се отвори на 25 март 2020 година. Првите исплати почнаа на 14 април и заклучно со вчера се исплатени 94 отсто од одобрените средства. Барањата пристигнати за Ковид1, ги надминуваа средствата со кои располагавме за оваа кредитна линија и истите се исцрпени заклучно пристигнатите апликации до 6 април 2020 година, до крајот на работното време, велат од Развојната банка на Република Северна Македонија.

Оценуваат дека кредитната линија успеа во разумно време да одговори на потребите на микро и малите трговски друштва за обртни средства, при што дури 77 отсто во вкупно одобрените апликации се на микро компании.

За оваа кредитна линија заклучно со 6 април евидентирани се вкупно пристигнати 1.024 кредитни апликации, од кои 738 се одобрени за кредитирање, а 286 апликации се одбиени поради неисполнување на условите и критериумите од јавниот повик.

И двете бескаматни кредитни линии се дел од владините мерки насочени кон заштита на ликвидноста и работните места, но и поддршка за развој и зголемување на конкуреноста на компаниите.

Во наредниот период преку Развојната банка ќе се нуди и нова линија во вредност од 31 милион евра за поддршка на сите микро и мали фирми.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Строги мерки: Се воведува полициски час во одредени градови кои претставуваат корона-жариште во соседна Грција

Заради зголеменото ширењето на коpoнa Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат на сила во 6:00 часот денес...

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...
- Advertisement -