fbpx
14.8 C
Skopje

ИСПОВЕД НА ЕДЕН УМОРЕН ТАТКО: Мојот 5 годишен син ми бараше пари коа дознав зошто ми се скрши срцето!

АКТУЕЛНО

Доаѓа таткото од работа дома, уморен, нервозен и го наоѓа неговиот пет – годишен син како го чека пред вратата. ”Тато, може ли нешто да те прашам?” ”Да, кажи што е работата?” ”Тато, колку пари заработуваш на саат?” ”Тоа не е твоја работа! Зашто ме прашуваш” –одговара таткото изнервиран.

”Само сакав да знам. Молим те кажи ми колку заработуваш на саат” ”Ако веќе мораш и тоа да го знаеш, заработувам 2000 денара на саат”. ”Ох” – вика детето и ја наведнува главата. “Тато, ќе ми позајмиш ли 1000 денари?” Таткото уште по изнервиран.

“Ако единствената причина што ме тераш да ти позајмам пари е да купиш некаква играчка или слична глупост, тогаш заврти се и оди право во твојата соба. И размисли зошто си толку себичен. Јас не работа по цел ден за твоите детски глупости” Детето разочарано отишло во собата и ја затворило вратата. Таткото седи и се нервира, заради прашањата на детето…

….“Како се осмелува да праша такво нешто, само за да извлече пари од мене?” После еден саат, таткото малку се смирил и размислува: “Може стварно му требаа за нешто тие 1000 денари…Стварно не е захтевен и не бара често пари.” Таткото оди во собата на детето. “Заспа ли сине?” “Не тато, буден сум!”- одговорило детето. “Размислив…Може бев престрог кон тебе пред малку. Имав тежок ден и се истурив на тебе. Еве ти ги тие1000 денари што ги бараше”

Детето се насмеало “Фала ти, тато”, извикало. Посегнало под перницата и извадило еден куп згужвани пари. Кога таткото видел дека детето има пари, почнал пак да се лути. Детето полека ги изброило парите и го погледнало татко му. “Зашто бараш пари, кога си имал?!”- налутено вика таткото. “Затоа што немав доволно, а сега имам” – рекло детето. “Тато, сега имам 2000 денари. Може ли да купам еден саат од твоето време? Молим те, дојди си утре еден саат порано од работа. Сакам да јадеме заедно.” Таткото целиот скршен, го прегрнал детето и го замолил да му прости.

Ова е само кратко потсетување за сите кои напорно работите. Не смеете да дозволите да ги запоставите своите кои ви значат најмногу, оние кои ви се најблиски до срцето, односно жената, децата и родителите. Ако умрете утре, компанијата и бизнис партнерите со кои работите лесно ќе ви најат замена. Ама на семејството и пријателите, кои ќе ги оставите зад вас, ќе им недостигате цел живот!!!!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -