fbpx
10 C
Skopje

Исповед на вработена во сендвичара: Дадов отказ и го плукнав шефот пред заминување бидејќи бев свесна што им продаваме на луѓето

АКТУЕЛНО

Пред неколку години работела како вработена во сендвичара, а денес работи како воспитувачка во образовна институција.

Тоа е младата Сара Џејмс која пред да се вработи како воспитувачка на деца, работела во сендвичара во Италија.

Сара живеела подолг период во Англија, а таму ја донела и одлуката да се пресели во Италија од каде што имала момче.

Она што е многу интересно е што таа не издржала да работи во сендвичара повеќе од 2 недели бидејќи како што открила на своите пријатели, се соочила со застрашувачка вистина, која едноставно не можела да ја премолчи.

Трпеливо молчев првите неколку денови бидејќи сепак се случува во угостителски објекти, ресторани, сендвичари, пекари да има таква слика, но сепак тоа што го видов беше претерано и решив да ја отворам својата уста и да проговорам за тоа што се случува. Имено, после само 2 недели избегав од моето работно место бидејќи тоа што го продававме едноставно беше грозно за гледање. Работев во кујна во која имаше се, само не услови за работа. И покрај моето молчење, после неколку дена решив да инсистирам местото каде што ги правиме сендивчите да биде чисто, бидејќи често можеа да се видат разни лебарки, бубашваби и слично. Секако, тоа не беше се. Врвот беше достигнат кога видов како истите се шетаат буквално по месото и сето она кое ние требаше да го подготвиме како храна на нашите купувачи.

Тука, морав да реагирам кај шефот кој кратко ми одговори: Ако ти се работи, условите се такви какви што се. Земи или остави. Во тој момент, знаејќи дека можам да најдам подобра работа, но и знаејќи дека не смеам да молчам во едни вакви околности почнав да се дерам пред самите гости, укажувајќи што се се продава во таа сендвичара и каков однос има шефот кон вработените, но и кон потрошувачите.

Сара вели дека настанала голема кавга, а таа решила случајот да го пријави во институциите, по што на заминување од нервоза буквално плукнала пред носот на својот шеф.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -