fbpx
12.8 C
Skopje

Иванов: Ако дадам мандат на некого што прифатил платформа на туѓа држава, јас ја доведувам во прашање независноста на државата

АКТУЕЛНО

Ѓорге Иванов повторно преку унгарски медиум со истите ставови за политичата криза во земјава но и со напад на невладините организации. Овој пат во интервју за националната унгараска телевизија МТВА вели дека средствата од американските државјани, од даночните обврзници на САД, се префрлани во фондацијата која го носи името на Сорос и се користеле дури и за насилни акции.

Една од нив беше и палењето на Народната канцеларија. И без грижа на совест тие тврдат дека тоа било протест, односно начин на делување на таквите организации, изјави Ѓорге Иванов во интервјуто за унгарската национална телевизија, одговарајќи на прашањето која е улогата на Сорос во Македонија.

Според него, Република Македонија „е жртва на октроирано цивилно општество кое го октроираат странски цивилни фондации и кои ги креираат активностите на невладините актери“.

„Да се знае кој дава пари, од каде доаѓаат тие пари, која е целта на тие големи милионски суми кои влегуваат без никој да ги контролира и едноставно да создаваат проблеми кои што не можат толку брзо да се совладаат“, повика Иванов.

Тој вели дека нема да го даде мандатот на СДСМ зашто постоел правен и политички проблем за определување мандат за состав на влада.

„Мнозинството беше обезбедено со уцена – да биде прифатена платформа на партии на Албанците од Македонија која е донесена во Тирана, во кабинетот на премиерот на Албанија. Тоа согласно нашиот Устав и согласно нашите закони е доведување на Македонија во подредена состојба и зависност на друга држава. Тоа е и казниво дело, но и се коси со заклетвата која сум ја дал кога сум ја презел функцијата Претседател, бидејќи јас не само што совесно и чесно треба да ја вршам функцијата Претседател, да го штитам Уставот и законите, јас сум одговорен за сувереноста, територијалниот интегритет и независноста на Македонија“, вели Иванов за унгарската МТВА.

„Ако дадам мандат на некого што прифатил платформа на туѓа држава, јас ја доведувам во прашање независноста на државата и таа одлука може да биде оспорена. Затоа, превентивно кажав, кога ќе се отстранат правната пречка и политичката пречка нема ништо спорно да се додели мандатот. Но, додека не бидат отстранети правната и политичката пречка не можам да го доделам мандатот“, вели претседателот Иванов во интервјуто за унгарската државна телевизија.

Тој како што кажа, сето ова го правел превентивно, за да не создаделе уште поголеми проблеми.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -