fbpx
18.7 C
Skopje

Иванов бара реформите на системот за безбедност и одбрана да бидат во согласност со Уставот

АКТУЕЛНО

Решенијата во реформите на системот за безбедност и одбрана да бидат во согласност со уставните обврски на Советот за безбедност на Република Македонија, а за заканата од илегална миграција да се постапува во согласност со воспоставената процедура во Законот за управување со кризите“, побарал претседателот Ѓорге Иванов на средбата со заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, кој го информира претседателот Иванов за планот 3-6-9, во кој се содржани предлог-реформите што произлегуваат од Програмата за работа на Владата 2017-2020.

Во членот 79 од Уставот на РМ се пропишува дека претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македонија. Претседателот своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.

Претседателот на Републиката го поставува и го разрешува началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, поставува и разрешува генерали. Претседателот исто така го именува и го разрешува директорот на Агенцијата за разузнавање.

Претседателот , се пропишува во членот 86 од Уставот, е претседател на Советот за безбедност на Република Македонија. Советот за безбедност на Републиката го сочинуваат: претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите што раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови што ги именува претседателот на Републиката. Советот ги разгледува прашањата поврзани со безбедноста и одбраната и им дава предлози на Собранието и на Владата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -