fbpx
11 C
Skopje

Иванов: Протестите се израз на криза на лидерството насекаде во светот

АКТУЕЛНО

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

СДСМ и функционерите застануваат зад премиерот Зоран Заев: Бранко е историја

Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ. Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи,...

Протестите се израз на криза на лидерството насекаде во светот. Ова го потврдуваат и статистиките, истакнал денеска претседателот Ѓорге Иванов во обраќање на претседателската сесија на 22. Евроазски економски самит, што се одржува во Истанбул.

На претседателската сесија се дебатираше на темата „Популизам: оживување на нови концепти во светот поради слабеење на либералната демократија. Дали популизмот и расизмот се причина за почеток на нови конфликти?“

– Иванов говореше за суштината, мотивите, но и целите на популизмот кој денеска е се поприсутен, а притоа се осврна на жолтите елеци во Франција и посочи на актуелните состојби во Британија, Венецуела, Германија, соопшти Кабинетот на претседателот.

– Луѓето кои ги гледаме како протестираат по улиците и плоштадите не се некоја точно одредена категорија на граѓани, туку луѓе од сите слоеви на општествата на кои глобалистичките елити со своите политики им ја одзедоа иднината, а на многумина им ги уништија и животите, рекол Иванов.

Претседателот говорел за улогата на владеачката елита и потребата од стабилна власт.

– Таквата стабилна власт никогаш својата сила не ја црпи од силата и репресијата, туку од авторитетот и почитувањето на јавното мислење, односно волјата на граѓаните. Да се владее не значи да се украде или да се преземе моќта, туку мирно да се спроведува. Станува збор за вистински бунт на граѓаните против авторитетот на националните, но и европските институции, кои во името на неолибералната агенда и голиот профит ја претворија европската средна класа во прекаријат без иднина, посочил претседателот.

Глобалните елити, смета Иванов, особено ги загрижува трендот кога довчерашните демократи по освојувањето на власта ги загрозуваат основите на демократијата.

– Очигледно е дека на западниот свет му е потребен нов идеал. Идеал што ќе ги комбинира економската динамика, индивидуалните слободи и рамнотежата во општеството. Тоа е идеалот за пристојно општество втемелено врз почитување на меѓусебните права и договори во кое секоја страна ќе знае кои се нејзините права и кои се нејзините обврски. Тоа е идеал за општество во кое договореното нема да може да биде променето од некој политичар или од владата, односно, во кое општествените договори нема да се прекршуваат, порачал Иванов.

Во рамки на работната посета на Република Турција, претседателот Иванов ќе одржи предавање на Фондацијата за образование, култура и заштита на животната средина „Црно море“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е Чегевара на батерии

Твит на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ Стојанче Ангелов ќе биде главен лик во кризнава состојба. Ќе се бориме со пандемија на чело со Стојанче...

Убава вест: Државата започна со исплата од 11.000 денари до 14.000 денари за сите граѓани кои се во оваа категориј на пензионериа

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за ноември почнуваат да се исплаќаат од денеска, предвреме и етапно, со цел да се...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Спасовски: Развоен буџет за модерна полиција и достојни услови за полицајците и во 2021 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираше буџетот на Министерството за наредната година, посочувајќи притоа дека тој е развоен и дека ќе...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...
- Advertisement -