10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Иванов се сретна со „Форплеј“ и организаторите на „Охридско лето“

.Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето”, и членовите на светски познатиот џез-квартетот „Форплеј“, од Соединетите Американски Држави, кои во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија, ќе настапат на отворањето на годинашното 57. издание на „Охридско лето“.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека во пресрет на утрешното отворање на „Охридско лето”, Иванов изразил задоволство од годинешната програма, посочувајќи дека овој фестивал дава исклучителен придонес за промовирање на македонската култура во светот, како и на најзначајните светски културни достигнувања пред македонската публика.

Претседателот Иванов го поздравил учеството на американскиот смут џез-квартет на „Охридско лето“, и им посакал успешен настап на утрешното отворање на фестивалот. Во разговорот со членовите на „Форплеј“, македонскиот претседател посочил дека џезот со својата импровизација, креативност и инструментална посебност, е универзален јазик кој ги поврзува луѓето и кој секогаш оди со стремежот кон слобода и чување на слободата. Членовите на „Форплеј“ се заблагодариле за средбата со македонскиот претседател и изразиле особено задоволство поради тоа што претседателот е голем љубител и поддржувач на џез-музиката.

На средбата, организаторите на фестивалот го информирале претседателот Иванов за текот на подготовките и за новиот, збогатен концепт на фестивалот „Охридско Лето” во кој се воведени повеќе музички жанрови и содржини, но сепак преовладува сериозната музика како негов главен белег. Во програмата на 57. издание на „Охридско лето“ се содржани над 40 музички настапи на домашни и странски уметници, 10 театарски претстави и повеќе изложби. Република Македонија ќе биде домаќин на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји од целиот свет, од Кина, Индонезија, САД, Холандија, Италија, Руската Федерација, Австрија, Канада, Полска, Шпанија, Грција, Црна Гора, Хрватска, Турција, Бугарија, Романија, Данска, Ерменија и други земји.

Манифестацијата „Охридско лето” традиционално се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави