fbpx
3 C
Skopje

Иванов: Цензурирана и фалсификувана историја или академска слобода, наш е изборот е за тоа што ќе им оставиме на идните генерации

АКТУЕЛНО

Заев: Со Д-р Сашко Николов Штип останува во сигурни раце

Со Д-р Сашко Николов Штип останува во сигурни раце. Од срцето на мекедонскиот исток ве повикувам, на 13 декември излезете, гласајте, заокружете го бројот...

Заев од Штип: Поддршка до 20 илјади евра на млади земјоделци за поттикнување на земјоделското производство

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во...

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Пред еден милениум Самуиловата држава се соочувала со слични предизвици како и современата македонска држава – Република Македонија. Тие предизвици се негирање, непризнавање, обиди за блокада, изолација, погрешно именување. Од нас зависи дали ќе ја зачуваме академската слобода, или на идните генерации во наследство ќе им оставиме цензурирана и фалсификувана историја, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој денеска во Охрид се обрати на свеченото отворање на Првата национална конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“.

Според претседателот Иванов, АСНОМ-ска Македонија е фиданка што изникна од коренот од кој изникнала и Самуиловата држава.

-Како фиданка, таа го даде вистинскиот плод, оној долго заборавен и потиснуван од туѓите, калемени гранки на пропагандите и идеологиите. Тој плод, меѓу другото, е и независна и суверена Република Македонија во која вие, историчарите, имате целосна академска слобода да истражувате и пишувате. Таа слобода ви овозможува без ронка страв и со критичко око да ги преиспитувате догмите врежани во камен кои со децении беа третирани како општопознати факти од страна на некои ваши колеги од соседството, рече претседателот Иванов пред учесниците на конференцијата.

-Денес, за жал, се прават обиди и на таа фиданка да ѝ се накалеми туѓа гранка. А таа туѓа гранка е Договорот од Преспа. Во член 8, точка 5 е предвидено формирање на „Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања“. Иако тој комитет би требал да го разгледува објективното научно толкување на историските настани, сепак, симптоматично е што тоа треба да го прави под надзор на министерствата за надворешни работи на двете држави. Авторите на текстот на Договорот од Преспа, кои и да се тие, покажуваат или елементарно непознавање на балканската историја или загрижувачка индиферентност кон сложените процеси на градење балкански идентитети. Искрено, не знам која од овие две алтернативи е полоша , рече македонскиот претседател.

Според претседателот Иванов, со договорот од Преспа се негира правото на самоопределување, се негира правото на слобода на мислење и изразување гарантирани со Универзалната декларација за човекови права.

„Современата грчка држава инсистира името Македонија да се употребува само за административната област што се наоѓа во нејзините граници. Бирократите во некои меѓународни организации го бришат името Република Македонија и придавката македонски со еднаква ревност како што тоа го правеле византиските хроничари пред 1000 години“, рече претседателот Иванов.

„Со Договорот од Преспа, вашата академска и образовна дејност ќе ја надгледуваат политичари, дипломати и бирократи кои ревносно ќе ги цензурираат учебниците што вие ги пишувате или од кои вие предавате“, рече претседателот Иванов на свеченото отворање на Првата национална конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“.

-Една од причините за пропаста на Самуиловата држава беше превртливоста на нејзините елити, кои за титули, инсигнии, стипендии и престиж ја менувале страната. Нешто слично гледаме и денес. И во такви услови, за жал, секогаш ќе се најде некој кој ќе прифати да напише политички коректна историја во која ќе се наметнуваат претстави скроени по волјата на нашиот јужен сосед. И тие плодови на тој нов калем ќе им се даваат на нашите деца во училиштата и на нашите студенти на факултетите, рече претседателот Иванов.

„Договорот од Преспа има за цел од нас да направи фуснота во нечија туѓа верзија на историјата, и со тоа да го затвори поглавјето за самоопределувањето на Македонскиот народ и неговата суверена и независна Република Македонија“, рече претседателот Иванов.

-Да не дозволиме некој да ја исполитизира историската наука. Да не дозволиме некој да создава политички коректна историја. Да не дозволиме некој да ни ја ограничува академската слобода и да не цензурира, порача претседателот Иванов на отворањето на Првата национална конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“.

Националната конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“ е во организација на Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Со Д-р Сашко Николов Штип останува во сигурни раце

Со Д-р Сашко Николов Штип останува во сигурни раце. Од срцето на мекедонскиот исток ве повикувам, на 13 декември излезете, гласајте, заокружете го бројот...

Загубивме уште еден доктор: ТАЖНА ВЕСТ – нека почива во мир

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук информира дека уште еден доктор го загубил животот како последица Ковид-19. Уште една жртва доктор. Нека почива...

Пристигнува нов коронавирус: Драматично предупредување на научничката која го откри Ковид-19

Кинеската научничка Си Џенгли од Институтот за вирологија во Вухан, предупреди дека во области на југот и југоистокот на Кина, популацијата на лилјаци носат...

КОНЕЧНО Заев се огласи за потегот на Бранко Црвенковски: Ќе имаме избори во април, секој може да даде свои понуди

Не му се лутам на Црвенковски за реакцијата, напротив тој треба да биде активен, рече премиерот Зоран Заев во гостување на радио емисијата „Стадион“...

Заев од Штип: Поддршка до 20 илјади евра на млади земјоделци за поттикнување на земјоделското производство

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во...
- Advertisement -