fbpx
33.8 C
Skopje

Иванов упати писмо со сочувство до иранскиот претседател Рухани

АКТУЕЛНО

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Техеран, упати писмо со сочувство до претседателот на Исламска Република Иран, Хасан Рухани.

Со згрозеност, вознемиреност и тага ја примив информацијата за ужасниот терористички чин кој се случи во Техеран и искрено жалам за загубените животи од оваа трагедија. Нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство, наведува претседателот Иванов во писмото.

Терористичките закани, како што истакнува, можат да бидат поразени само со координиран, заеднички и бескомпромисен одговор. – Затоа, сакам да Ве уверам дека одлучно го осудувам ова нечовечно злосторство и дека Република Македонија стои рамо до рамо со целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот, вели македонскиот претседател.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -