fbpx
1 C
Skopje

Иванов: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се смират и сплотат околу државните интереси

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денес во 11 часот имаше свое годишно обраќање, но овој пат наместо од собрание, тој своето обраќање го одржа од претседателската вила на Водно.

Претседателот Иванов во годишното обраќање ги повика двете најголеми македонски политички партии, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, да се обединат и сплотат околу државните интереси на Република Македонија.

– Ако навистина ја сакаат оваа држава и ако навистина се грижат за македонскиот народ, ги повикувам да ја почитуваат волјата на граѓаните, бидејќи во омразата никој нема ниту иднина, ниту надеж, рече Иванов

– Преголемата партизација доведе до невидена поларизација на Македонија. Личната нетрпеливост помеѓу политичките елити се прелеа на целото македонско општество, истакна Иванов.

Во обраќањето Иванов говореше и за одлуката за аболиција, истовремено критикувајќи го Специјалното Јавно Обвинителство кое според него станало селективно и поларизирано, и кое, наместо инструмент за правда, се свело на инструмент за уцена на политичките противници.

„Како претседател на Република Македонија бев единствената институција со легитимитет и овластување да носи одлуки и наместо да бидам пасивен набљудувач, на отворен судир понудив решение за кризата. Понудив помирување преку помилување на сите кои на еден или друг начин се вклучени во политичката криза. Помилувањето беше единствениот начин да се замрзнат непријателските намери меѓу спротивставените страни и да се избегне анархија. Ме обвинуваа дека сум го прекршил уставот и законите, дека сум го помилувал криминалот во Македонија. Но, помилувањата воопшто не вклучуваат запирање на постапката за конфискација на нелегално стекнат имот. Ако некој крадел, ќе мора да го врати украденото и да плати за стореното“, рече Иванов.

Во своето обраќање Иванов, како неодговорно го нарече однесувањето на некои партиски лидери кои партиските и личните интереси ги ставиле пред државните интереси на Република Македонија, со што „се заборави да се биде политичар треба да се биде пристоен“, истакна Иванов.

Што се однесува до употребата на јазиците, тој изјави дека без попис на населението, не може да се бараат права што зависат од статистиката.
Иванов исто така порача дека приоритет на новата влада треба да биде зачувување на државноста. Тој во своето обраќање истакна дека очекува следната година да се направи попис на населението.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...
- Advertisement -