fbpx
13.8 C
Skopje

Иванов во посета на Америка: Не се враќа ниту за референдумот!

АКТУЕЛНО

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов е во посета на САД по повод учеството на 73-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти кабинетот на Претседателот.

Иванов на 27 септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73-та сесија на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе. Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества.“

Во рамки на посетата Иванов е предвидено да оствари средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, а ќе има повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното Собрание.

Според информациите во медиумите, Иванов нема да биде во Македонија повеќе од 10 дена, што значи дека истиот нема да биде во Македонија и за време на историскиот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -