fbpx
10.8 C
Skopje

Иванов: Заев не информира усно, очекуваме писмен документ за да можеме да излеземе со официјален став

АКТУЕЛНО

Бевме прв пат информирани за некои работи, тие се усно пренесени, така да очекуваме и писмен документ за да може да градиме став. Сега само ги добивме информациите, очекуваме дека во иднина нема да бидеме селективно и нецелосно информирани, очекуваме предлогот кој го дава грчката страна да го имаме на увид за да знаеме за кои прашања воопшто и се разговара.

Процесот мора да се води во рамката утврдена од Обединетите Нации. За ова мора да се консултираат и експертите од меѓународното право бидејќи во минатото не видовме доследност од грчката страна.

Се додека не добиеме писмен документ не можеме да излеземе со официјален став, рече Претседателот Иванов по средбата на политичкиот врв на која премиерот Заев информираше за последните актуелности од преговорите меѓу Македонија и Грција за изнаоѓање решение на деценискиот спор за името

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -