17 C
Skopje

Христијан одлучува: Изборна кланица или изборна победа

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

После три години власт премиерот Зоран Заев и наследникот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, ќе ги измерат своите сили и капацитети на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Предвремените избори доаѓаат како резултат на недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ, и покрај тешките историски договори помеѓу сегашна Република Северна Македонија и Грција, како и договорот за добрососедство со соседна Република Бугарија.

Изборна кладница или изборна победа

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ веруваат дека овие избори ќе значат враќање на власт и пад на Владата на Зоран Заев.

Приврзаниците на СДСМ и Зоран Заев пак и покрај разочарувањата од недобивањето на датум, како и многу нерешени внатрешни прашања веруваат дека токму овие избори ќе бидат потврда дека Христијан Мицкоски е слуга на Никола Груевски и дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ го нема поребниот капацитет и сила за да може да се врати на власт.

Изборни коалиции

Зоран Заев и СДСМ имаат поддршка од повеќе помали политички партии, кои засега влечат поголемо политичко членство, но и гласови од коалициониот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е дека Мицкоски ќе мора да направи мудри потези доколку сака да обедини пред се дел од десното гласачко тело во државата кое на овој или оној начин не се согласуваше со политиките на Никола Груевски. Тука се мисли пред се на ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски, ОМ, Достоинство кои на последните избори имаа околу 30 илјади гласови. Ако овде се додаде и новоформираната партија на Петар Колев, ГДУ, која според анкетите многу добро стои во трета изборна единица, тогаш со добра кампања, овие политички субјекти заедно би можеле да добијат на своето конто повеќе од 40 илјади гласови. Нормално, тие гласови нема да направат штета на Социјалдемократскиот Сојуз, туку на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи доаѓаат од десницата.

Неофицијално, последните очекувања на партијата на Георгиевски се понуда од две сигурни пратенички места за да може да ги отворат вратите за соработка со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Земајќи го предвид фактот дека Георгиевски би можел да биде лидер на таканаречен трет политички блок, тоа може да создаде нови проблеми за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Оттука, се поставува прашањето – дали ВМРО-ДПМНЕ и раководството се подготвени да седнат и разумно да разговараат за соработка со нивниот прв претседател?

Во спротивно, доколку не успеат да постигнат договор, десницата ќе биде ослабена, а повторно победник од целата ситуација ќе биде СДСМ и Зоран Заев. Ако има простор за МААК, Стевче Јакимовски, Иван Стоилковиќ и неговата Демократска партија за Србите во Македонија, тогаш зошто да нема простор за партијата на екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин основач Љубчо Георгиевски? Секоја одлука која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ ќе значи чекор поблиску до изборна победа, или чекор поблиску до изборна кладница. На нив останува…

Пишува: Симеон М.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -