8.7 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Изборни комбинаторики: ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски посакуван партнер за коалиција

Во предвечерието на почетокот на изборната кампања дефинитивно и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ тргнуваат во засилување на своите коалиции со цел обезбедување на дополнителен контингент на гласови, при што од двата табора пристигнуваат интересни информации и комбинаторики.

Една од тие информации секако е и борбата кој ќе ја придобие наклонетоста на ВМРО Народна партија за свој коалиционен партнер и кој ќе може да смета на околу 30-40.000 гласови колку што се проценува дека моментално тежи партијата на екс Премиерот Љубчо Георгиевски.

Неофицијално може да се добијат информации дека и двете политички групации имаат голем интерес да ја имаат ВМРО НП во својата коалиција и дека и едните и другите се подготвени да и отстапат минимум 2(две) сигурни Пратенички места за да биде дел од нивната коалиција. Сето ова е темелено на пресметките кои ги прават аналитичките штабови на 2 коалиции кои кажуваат дека гласовите кои ги носи ВМРО Народна партија во коалициониот колач можат да бидат пресудни при добивање на дополнителни 3-4 пратеници врз основа на Донтовиот изборен модел.

Наспроти ваквите неофицијални информации кои кружат во политичките кулоари од партијата на екс Премиерот Љубчо Георгиевски не даваат никакви официјални информации освен потврдата дека во тек се консултации и дека одлуката за можно коалицирање ќе биде донесена набрзо.

При што јасно истакнуваат дека овој пат за разлика од минатото многу прецизно ќе инсистираат на вреднување на нивниот коалиционен капацитет и дека без постигнување на фер договор за коалицирање и добивање на соодветен број на пратенички места нема да има договор за коалицирање ниту со СДСМ ниту со ВМРО ДПМНЕ.

Дефинитивно претстои период на интересни политички настани во кој набрзо ќе бидеме сведоци дали ВМРО ДПМНЕ ќе успее наклонетоста на ВМРО Народна партија и нејзината коалиција ќе го добие вистинскиот десничарски патриотски шарм или пак СДСМ ќе успее да ја задржи во своите коалициони структури партијата на екс Премиерот Љубчо Георгиевски.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

(ВИДЕО) Како бе Роналдо, на таа пара – ако сакаш, ние да собереме донации?

Карантинот и самоизолацијата ги фати буквално сите, поради што многумина се одлучија фризурата да ја направат сами, односно со помош на домашните, за да...

Вработена во поликлиниката во Чаир заразена со Ковид-19, се дезинфицира целиот објект

ОБНОВЕНО: Веста се однесува за политиклиниката во Чаир. Без намера да создадеме паника кај трудниците.  Вработена во поликлиниката во Чаир е позитивна на ковид-19. Информацијата...

Еден знак е убедливо најдобриот сопруг во хороскоп

Како сопруг, Бикот ги има најдобрите особини од сите знаци на Зодијакот. Тој е нежен, добродушен и верен и никогаш нема да го занемари...

Ние сме НАТО – Од Словенија со порака: Дониравме маски и ракавици на барање на Владата на Северна Македонија

На сајтот на Министерството за Одбрана на Република Словенија е објавена донацијата која стаса кај нас вчера, истата е во вредност од 110.000 евра. На...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.