Прочитај повеќе




Во продолжение подолу и ВИДЕО




Пожарот го гаснат 15 пожарникари, соопштил началникот на противпожарната служба.




Три лица биле спасени од зградата, а причината за пожарот сè уште не е позната. Според последните информации, пренесени од „Тајмс оф Индија“, загинале пет лица. Информацијата дека има мртви ја потврдил извршниот директор на компанијата, Адар Понавала.




Пожарот не ги зафатил магацините каде што имало околу 50 милиони дози вакцина „Ковишилд“ или на постројките за производство на вакцината „ковид-19“, објави телевизијата НДТВ повикувајќи се на извор од институтот. Уништени биле неколку ката.