fbpx
21.8 C
Skopje

Издадени налози за притвор на повеќе од 400 луѓе во Турција

АКТУЕЛНО

Турските обвинители издадоа налози за апсење на повеќе од 400 луѓе, вклучувајќи војници и припадници на службите за безбедност, во 48 провинции ширум државата, пренесува телевизија „Хабертурк“.

Обвинети се поради сомнеж дека ја користиле апликацијата за паметни телефони, наречена „Бајлок“ со која се врши размена на шифрирани пораки. Оваа апликација ја користела мрежата на Фетулах Ѓулен кој Анкара го обвини за организирање на „пуч“ во јули, минатата година.

Ѓулен е свештеник кој живее во доброволен егзил во Пенсилванија во САД, ги отфрла обвинувањата дека тој бил иницијаторот за обидот на насилна промена на власта.

Помеѓу осомничените се 123 војници на морнарицата и 187 припадници на безбедносните сили, пренесува „Хабертурк“.

Според истиот извор, досега се уапсени околу 12 лица во Анкара и Истанбул.

После воведувањето на вонредна состојба во Турција, уапсени се вкупно 40.000 луѓе, а разрешени од должност се повеќе од 100.000 вработени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -