fbpx
6 C
Skopje

Измамена – на гатачка ѝ дала 5.000 евра за да го излечи нејзиниот љубовник од импотенција

АКТУЕЛНО

67-годишната Србинка С.Ј. која привремено живее во Франција, наивно наседнала на оглас во весниците дека извесна видовита Захида лечи импотенција и ѝ дала огромна сума на пари.

Србинката во весникот прочитала дека оваа гатачка, секако со паричен надоместок, ја чита судбината, гледа и успешно решава проблеми на далечина и ја враќа изгубената љубов.

Србинката заедно со својата 47-годишна ќерка поднела кривична пријава потив Захида, тврдејќи дека со измама ѝ зела 5.000 евра.

Истрагата е во тек, а полицијата се сомнева дека постојат уште личности кои ги измамила на истиот начин.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -