Популарната пејачка Радмила Манојловиќ открила со какви се проблеми се соочила во досегашната кариера. Неодамна се пишуваше во медиумите дека пејачката посетува психијатар, еве што кажа Рада на ова:
– Тоа малку е преувеличано бидејќи не сум одела кај психијатар, но и да сум била не би имала проблем тоа да го кажам. Кај нас е најголема срамота да одиш на гинеколог и психијатар, но јас не се согласувам со тоа, била искрена Рада.
Пејачката објаснила дека имала проблеми
– Се случи минатата година да останам без гласот. Со недели одев на лекарски прегледи, но воспоставија дека немам ниту еден здравствен проблем, ми рекоа дека гласните жици ми се идеални, а јас не можев да пеам. Почнав да одам кај професорот по пеење Борис Николиќ и тој многу ми помогна.
Рада објаснила дека со Борис Николиќ на почетокот разгоиварала за своето детство и за односите во семејството.
– Многу брзо откри дека стравот е единствената причина за моите проблеми, а со разговори полека почнавме да работиме и на вежбите за пеење. После три месеци ми се пушти гласот и пеев како ништо да не се случило, рекла пејачката.
Таа признала дека тој период и бил најтежок во животот.