fbpx
29.8 C
Skopje

Ја продала куќата и дала отказ за да се грижи за 200 животни

АКТУЕЛНО

Само пред една година, Одри Рејчел (33) живееше во куќа со четири соби и водеше сопствен пансион за кучиња.

На крајот на денот, таа им ги враќаше кучињата на нивните сопственици, но беше посветена на грижата и посвојувањето на напуштени животни и кучиња скитници.

За жал, имаше толку многу што таа не можеше да им помогне на сите

Како голем љубител на животни, таа сакаше радикално да го промени својот живот.

Таа ја продаде куќата, се откажа од својата работа и се пресели во стара куќа на фарма стара 200 години, по што прв приоритет и стана да се грижи за напуштените животни.

И досега таа не се покаја.

“Овој дел од мојот живот го започнав пред една година. Се грижев за многу животни во мојот живот, но бев ограничена. Сакав да имам повеќе време за нив, повеќе простор за нивно сместување и повеќе пари да потрошам за нивните потреби”, вели Одри.

Таа се пресели во својата нова куќа во февруари 2020 година, но го прошири имотот дополнителен имот во близина

Таа купила и друга куќа на нејзината сестра за да може да се пресели и да управува со неа заедно.

Засолништето, во меѓувреме, стана непрофитна организација што може легално да прифаќа донации од други љубители на животни кои сакаат да се грижат за нив.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -